Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!
Во саботата Хадерсфилд и дефинитивно ги изгуби сите шанси за спас во Премиер лигата, откако изгуби на гостувањето кај Кристал Палас. После 2008-ма година и Дерби, ова е најбрзо испаѓање во Чемпионшип - уште во април.
Фудбалерите на Хадерсфилд славеа 0:2 на гостувањето против Вулверхемптон, а фудбалер на гостите успеа да извади топка од линија, која ако не постоеше гол-технологијата сигурно секој судија ќе мислеше дека е целата внатре. Пазете ја оваа хируршки прецизна интервенција. Прво и ние помисливме дека ова е чист гол. Неверојатно.
Се вика Жунињо Бакуна, има 21 година и синоќа дебитираше за Хадерсфилд против Стоук во Лига Купот на најлош можен начин. Не дека на голманот му беше таму местото, ама Жунињо реагираше како прв пат да фаќа топка.
Не постои навивач на Хадерсфилд на кој не му се тресеа гаќите на Стемфорд Бриџ на 7 минути до крај. Бодот против Челси значеше и математички опстанок во Премиер лига, ама можеа за влакно да не го освојат, ако нивниот голман Јонас Лесл не ја направеше оваа чудесна одбрана по една мешаница од која глава ќе ве здоболи.
Интервјуто на неделата и сезоната во Премиер лигата го даде овој навивач на Њукасл кој фалеше уште стој на раце да направи за да покаже колку е хепи што го тепале Хадерсфилд 1:0. Колку ли ќе одлепеше ако на местото на Хадерсфилд беше Манчестер Сити?
Корнер, забивање со глава, парада, петица, статива, ножички, па пак одбрана. Тоа се од прилика тие елементи кои треба да ги содржи еден карамбол, кој го имаше на мечот Хадерсфилд - Стоук.
Матијас Јоргенсен од Хадерсфилд познат под прекарот Занка им даде мотив плус на своите навивачи да бидат присутни на денешниот празничен меч против Стоук. Нивната задача е само да се појават на стадион и да покажат сезонска карта, а пивото е од него. Ете така се живее за фудбалот во Англија за време на Божиќ.
Британските ригорозни закони кои ги донесе „челичната лејди“ Маргарет Тачер ги стокми трибините пиц-пец. Нема веќе скршени крвави глави на фудбал, ама па затоа има новокомпонирани навивачи кои знаат само за селфи на Инстаграм.
Англиската фудбалска федерација секој месец дава вредна награда за играч на месецот, тренер на месецот и гол на месецот. За признанието најубав гол во ноември ќе се борат 8 играчи меѓу кои и Вејн Руни.
Арсенал го демолираше Хадерсфилд со 5-0, на мечот имаше ревија убави голови, акции и шанси, ама момент на мечот беше одбраната на Петр Чех ко на одбојка на плажа.
9 годишен навивач на Хадерсфилд направи потег со кој ги воодушеви навивачите во Премиер лигата, клубот за кој навива и ѕвездата на тимот кој веднаш доби желба да се сретне со него.
Од воведувањето на Плејоф средбите за влез во повисок ранг во 1987-ма, Хадерсфилд Таун е мешано искуство во нокаут мечевите. На 20 средби има 8 победи, 6 нерешени и 6 порази, но кога треба да се изведуваат пенали во Плејоф им нема рамен.
Третиот и првиот на табелата во втората по ранг англиска фудбалска лига Чемпионшип, Хадерсфилд и Њукасл одиграа меч на кои имаше киксови од нивото на седма лига. На крајот тимот на Рафа Бенитез славеше 1:3 и го зацврсти првото место кое води во Премиер.
На крајот од мечот Хадерсфилд - Шефилд Венздеј во Чемпионшип се случи необична епизода. Тренерот на домаќините, Дејвид Вагнер при резултат 0:1 за противникот, им прати ливче со совети на своите играчи. Полушпицот на Шефилд Венздеј, Рос Валас во еден момент на шега му го украде листот на Елиас Качунги, а овој се изнервира.
Се, само во трета лига не. Еве како за тоа на мирољубив начин се изборија фудбалерите на Барнсли и Хадерсфилд на кои во последното коло им беше доволно реми за останување во англиската Чемпионшип лига.