Новиот премиерлигаш е специјалист за пенали кога игра во Плејоф

Од воведувањето на Плејоф средбите за влез во повисок ранг во 1987-ма, Хадерсфилд Таун е мешано искуство во нокаут мечевите. На 20 средби има 8 победи, 6 нерешени и 6 порази, но кога треба да се изведуваат пенали во Плејоф им нема рамен.

Навивачите на Хадерсфилд се навикнати на драма во најстресниот меч на сезоната, а тоа е изведувањето на пенали во последниот и клучен натпревар за пласман еден ранг погоре.

Освен што се навикнати на драма, тие се навикнати и да победуваат во тој меч кој на крајот е повреден од сите 46 во текот на изминатите 10 месеци фудбал.

Интересно е што сите 3 последни промоции новиот премиерлигаш успеал да ги добие преку изведување на пенали во Плејоф мечевите. Одиме со ред.

2003/2004

Пред 13 години Хадерсфилд беше четвртолигаш кој мораше преку Плејоф натпреварите да брка пласман од Лига 1 во Лига 2. Во полуфиналето го елиминираа Линколн Сити со вкупно 4:3, а во финале на Милениум стадионот во Кардиф го добија Мансфилд Таун со 4:1 на пенали, откако во регуларниот дел беше 0:0.

2011/2012

Осум години подоцна бркаа пласман во Чемпионшип каде се пласираа по пауза од 11 години. Во полуфиналниот двомеч го елиминираа МК Донс со вкупни 3:2. Во финале се сретнаа со Шефилд во меч со многу нервоза кој заврши без голови. Потоа ги промашија првите три пенали, но на крај славеа со 8:7. Пенал серијата заврши откако шутираа и двајцата голмани и се разбира вториот промаши.

2016/2017

По пауза од 1972-ра година, Хадерсфилд се враќа во елитата, а тоа им успеа преку две пенал серии во Плејофот. Прво го елиминираа Шефилд Вендздеј, а синоќа и Ридинг. И на двете средби славеа со 4:3.

Колку им е овој кам бек во прва лига по пауза од 45 години голем, говори фактот што минатата сезона завршија на 19-та позиција.

Пласманот во Премиер лига на Хадерсфилд ќе му донесе 230 милиони евра и тој ќе стане 49-от клуб кој ќе учествува во новиот формат на најскапата лига во светот.

Инаку во далечната 1926-та година Хадерсфилд стана првиот англиски клуб со три освоени титули по ред во првата лига и денеска е еден од трите екипи на кој му успеало тоа. Покрај трите титули имаат и еден трофеј во ФА Купот освоен во 1922-ра. Инаку ги води Германец по име Дејдив Вангер кој е пријател со Клоп.

Ова се пеналите од вчера

30 мај 2017 - 11:16