Британскиот фудбал редовно носи некоја мистерија, а последна во низа е онаа поврзана со испаѓањата од Премиер лига.
Необично, трета година по ред од елитата во понизок ранг оди екипа која што губи од Кристал Палас и тој пораз им ги брише шансите да куртулат.
- На 14 мај 2017 година Хал изгуби 4:0 од Кристал Палас и си го запечати испаѓањето;
- На 5 мај 2018 година, Стоук Сити изгубил 2:1 од Палас и исто ги изгубил шансите за опстанок;
- Годинава, на 30 март, во саботата тимот од Лондон го турна во втора лига и Хадерсфилд кој долго време висеше на една нога.
Е сега, верувале или не, на сите тие три натпревари стрелец на гол бил холандскиот лев бек Патрик ван Анхолд.
Во јануари 2017, Ван Анхолт премина во Кристал Палас од Сандерленд откако потпиша 4-годишен дговор и за брзо време осигура место во првиот тим.
Бекот роден во Холандија можеше да има сјајна кариера: во 2007 година скаутите на Челси го снимиле во академијата на ПСВ Ајндховен, го потпишаа, но тој во Лондон не доби шанса каква што очекувал. Одигра само 2 меча, го пратија на дури 5 позајмици и дури во 2014 Сандерленд го откупил за 2 милиони фунти.
Интересно, Ван Анхолт, кој има и пар настапи за репрезентацијата на Холандија, дал гол на уште еден судбински меч: во 2016 како играч на Сандерленд против Евертон дома 3:0. Како резултат на овој епилог, Њукасл испадна од Чемпионшип затоа што пред последното коло заостануваше 4 бода зад Сандерленд.
Но самиот Ван Анхолт не е „крволочен“. На својот Твитер тој на навивачите на Хадерсфилд им посакал се најдобро и ги пофалил дека одлично го бодрат клубот. Како тоа да ќе ги утеши по рекордното испаѓање во Чемпионшип.
Best wishes to Huddersfield and fans as well, it’s tough and not nice to see but you support your club well ❤️💙
— Patrick van Aanholt (@pvanaanholt) March 30, 2019
Во 2018-та година за него наводно интерес покажале Јувентус и Рома, но до договор не дојде и тој остана во Лондон.
Запаметете го добро овој лик, кој со гол ги турка во втора лига давениците.