Меси и Роналдо никогаш не гласале еден за друг

Фудбалот во последниве 10 години се врти околу нив, тие важат за едни од најдобрите на сите времиња а необично е да се види како гласаат во изборот на ФИФА.

На гласањето за најдобар играч FIFA The Best, имате право да дадете 5, 3 и 1 бод за прво, второ и трето место. Право на глас имаат селекторите на репрезентациите и капитените (од ФФМ гласаа Ангеловски и Пандев).

Кристијано Роналдо од 2010 година па наваму гласал вака:

2010: Чави, Касиљас, Снајдер
2011: не гласал
2012: не гласал
2013: Фалкао, Бејл, Озил
2014: Серхио Рамос, Бејл, Бензема
2015: Бензема, Хамез, Бејл
2016: Бејл, Модриќ, Серхио Рамос
2017: Модриќ, Серхио Рамос, Марсело

Вкупно досега за Бејл дал 12 поени, за Рамос 9 а за Модриќ 8.

Лионел Меси од 2010 година па наваму:

2010: не гласал
2011: Чави, Иниеста, Агуеро
2012: Иниеста, Чави, Агуеро
2013: Иниеста, Чави, Нејмар
2014: Ди Марија, Иниеста, Маскерано
2015: Луис Суарез, Нејмар, Иниеста
2016: Луис Суарез, Иниеста, Нејмар.

Вкупно досега дал 20 поени за Иниеста, 15 за Суарез и 11 за Чави.

Занимливости:

- Меси и Роналдо никогаш не гласале еден за друг;
- Роналдо еднаш во тројката ставил и играч на Барселона (Чави);
- Меси никогаш не гласал за фудбалер на Реал (Ди Марија во лето 2014 преминал во Манчестер Јунајтед);
- Роналдо три пати не бирал ниту еден играч од Реал (Фалкао, Чави и Снајдер кој таа година замина во Интер);
- Меси четири пати гласал за играч кој не е од Барселона (Агуеро - два апати, Ди Марија и Нејмар кој летово 2017 премина во ПСЖ);
- Роналдо никогаш не гласал за играч од Португалија;
- Меси четири пати гласал за фудбалери од Аргентина (Агуеро - два пати, Ди Марија и Маскерано);
- Во 2010 година Меси не гласал затоа што репрезентацијата на Аргентина и селекторот се договориле да не гласаат;
- Во 2011 Роналдо не гласал затоа што капитен на репрезентацијата на Португалија бил Нуно Гомеш (а во гласањето учествуваат капитените);
- Во 2012 Роналдо не гласал затоа што се повредил на тренинг на репрезентацијата и одморал дома.