Мрме и Пандев гласаа за Кристијано Роналдо

Селекторот и капитенот на македонската фудбалска репрезентација погодија кој ќе биде победник во изборот за најдобар фудбалер во светот за 2017-та. Со ова признание Кристијано Роналдо се израмни со Меси и сега и двајцата имаат по пет.

Игор Ангеловски и Горан Пандев гласаа идентично во изборот за најдобар играч според ФИФА за 2017-та и им дадоа 5 поени на Роналдо, 3 на Меси и 1 на Џиџи Буфон. Новинарскиот глас од Македонија отиде по овој редослед: Роналдо (5 поени), Буфон (3 поени) и Марсело (1 поен).
 
Кристијано Роналдо успеа да го одбрани ова признание бидејќи годинава имаше доста успешна година со Реал Мадрид. По пауза од 5 години ја освои титулата во Ла Лига, потоа го одбрани трофејот во Лига на Шампиони, а ги освои и Супер Купот на Шпанија и Европскиот Супер Куп кој се играше во Скопје.
 
Двете планетарни фудбалски ѕвезди, Меси и Роналдо сега се израмнија со по 5 трофеи и се неприкосновени во изминатава декада. Меси беше прогласен за најдобар играч во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, а Роналдо во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017.

Сите наградени на ФИФА за 2017-та и процентот на гласови кои го добија пред своите опоненти:
 
Кристијано Роналдо - најдобар играч (Роналдо 43.16%, Меси 19.25%, Нејмар 6.97%)
 
Зинедин Зидан - најдобар тренер (Зидан 46.22%, Конте 11.62%, Алегри 8.78%)
 
Џанлуиџи Буфон - најдобар голман (Буфон 42.22%, Навас 32.32%, Ноер 10.10%)
 
Најдобар гол - Оливие Жиру (36.17%)
 
Вике Мартенс - најдобра фудбалерка
 
Навивачите на Селтик - најдобри навивачи
 
Сарина Вигман, селекторка на Холандија - најдобар женски тренер
 
Франсис Коне е добитник на наградата за гер-плеј за 2017 година
24 октомври 2017 - 09:39