Околу левицата на Александар Коларов

Препознатлив елемент во играта на српскиот лев бек се слободните удари. Од неговиот пријател и поранешен селектор научил многу за тоа како да ги матира голманите, а викендов ученикот го победи учителот.

Само што се поздравија пред мечот Торино - Рома, Синиша Михајловиќ не ни претпоставувал дека Коларов ќе го реши дуелот на начин на кој и самиот Синиша решаваше порано - од слободен удар.

Италијанските медиуми пишуваат дека Серија А одамна не видела таков левучар, поточно од времето на Михајловиќ кој од слободен удар даде 28 гола во италијанскиот фудбал.

Во денешниот современ и мошне израмнет фудбал да имаш играч способен да ја реши партијата од прекин е голема предност. Притоа Рома за него плати „само“ 5 милиони и тој е досега најисплатливиот трансфер во Серија А.

Ремек делото против Торино пред очите на Михајловиќ:

Против Аталанта во Бергамо:

Коларов изведуваше фантастични слободни каде и да играше претходно: ОФК Белград, Лацио, Манчестер Сити. И на тренинг и на натпревар.

Добро го паметат и тифозите на Наполи. На 14. септември 2011 година во Лигата на шампионите Коларов постигна прекрасен гол од слободан удар и му одговори на Кавани кој ги донесе гостите во водство:

На средба против Лестер во Премиер лигата, Коларов постигна утешен гол за Манчестер Сити кој губеше 4-0:

Покрај вообичаената парабола шутната од средина или од десно (омилена позиција на левучарите), Србинот знае добро да распали и од сосема друга позиција со траекторија која го минува живот ѕид и го матира голманот.

Такво нешто направи против Сандерленд:

И во дресот на репрезентацијата ги радува своите соиграчи со разорниот шут од слободен. На дуел со Франција, „Галските петли“ примија сличен гол како оној легендарниот на Роберто Карлос на Купот на Конфедерации:

Тајната?

Многу, многу, многу изведби на тренинзите. Михајловиќ на времето раскажуваше дека научил да изведува слободни врз гаражата во својата куќа во Вуковар. Денес Коларов тренира со други методи, но во основата секогаш е добриот тренинг: