Рома го освои признанието за најдобро видео во забавена снимка (Best Slow Motion Video) на СПОРТЕЛ наградите за 2017-та во Монтекарло.
Се работи за видеото именувано како Stadium of Tears кое се однесува на последниот меч на Франческо Тоти во дресот на Рома и церемонијата со неговото повлекување од фудбалот на која плачеше цел стадион.
Видеото е снимено на 28 мај годинава и успеа да стигне до 18 милиони прегледи на Фејсбук. Победи во конкуренција на 12 видеа, а меѓу добитниците на награди се и NBC Sports и Red Bull Media.
„Во име на клубот, имаме чест да ја добиеме оваа престижна награда. Сите ние имавме привилегија да го гледаме Франчесто Тоти во дресот на Рома во текот на цела кариера и како клуб сакавме да направиме видео што ќе го приложи сè она што Тоти го претставуваше за Рома и за фудбалот“, изјави претставникот од клубот кој присуствуваше на церемонијата.
Нема љубител на фудбалот што може да каже дека ова не е врвот на испраќање на една ваква легенда во пензија.