Кој е малиот што го извади Венгер?

18-годишниот Едвард Нкетиа синоќа на мечот во Лига Купот против Норвич влезе во 85’ минута при 0-1 за гостите. Со првиот контакт израмни а во продолженијата му донесе победа на Арсенал.

Роден е на 30. мај 1999 година и станал првиот фудбалер на првиот тим на Арсенал кој се појавил на свет по назначувањето на Арсен Венгер за главен тренер на Арсенал (се родил после три години).

Нкетиа првпат почнал да тренира фудбал во Челси на 9-години, но на „Стемфорд Бриџ“ му кажале дека не сметаат на него па во 2015-та се преселил во Арсенал, клубот за кој вели дека му ја вратил желбата за фудбал по големото разочарување во Челси.

„Топџиите“ го поканиле на еднонеделна проба каде што задоволил и потпишал младински договор. Своите најдобри партии ги пружал во У18 тимот каде во сезоната 2015/2016 постигнал 24 гола на 28 натпревари што било доволно Венгер да го викне во првиот тим. Паралелно со тренинзите за прв тим тој играл за У23 и лани дал повеќе од 20 гола.

Францускиот тренер го земал на пред-сезонската турнеја ширум Австралија и Кина каде Арсенал играше против Сиднеј, Челси и Баерн Минхен.

Во септември 2016 година потпишал професионален договор со клубот. Своето деби за првиот тим го имаше против Бате Борисов во Лига Европа кога влезе наместо Џо Вилок во триумфот од 2-4.

Очекувал дека ќе заигра во мечот против Донкастер во претходното коло од Купот, но Венгер му даде шанса против Норвич која Нкетиа ја искористи на најдобар можен начин и со два гола само што влезе во игра, обезбеди пласман понатаму: