Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Кој е британскиот тенисер кој падна на кокаин

Дан Еванс е 50-ти на АТП листата и важи за еден од подобрите тенисери на денешницата, но паднал на допинг тест минатиот 24. април и го чека долга суспензија. Важеше за „нагазна мина“ на кладилничарите кои играат од ’допуна’.

Што го спречило Фергусон да тргне по Малдини

Ако Донарума е зелен и не сфаќа што значи лојалност кон еден клуб, може слободно да го преслуша ова кусо видео во кое Сер Алекс Фергусон со една проста реченица кажува зошто морал да заборави на симболот на Милан.

Ако тргнеш во контра, да ме собереш по пат

Норвешката прва лига Елитесериен не е нешто позната за гледање, ама вакви моменти како дуелот меѓу Пау Морер од Сандефјорд и Томас Лене Олсен од Тромзо вреди да се изгледа.

Деспасито верзија од навивачите на Сан Лоренцо

Секој хит чија мелодија ќе ја преработат делува појако и од оригиналната песна. Навивачите на Сан Лоренцо - Ла Глориоза (La Gloriosa).

Стариот добар Дел Пјеро

Гватемала имаше можност на хуманитарен меч да го види Светскиот првак и освојувач на 8 Скудета, господин Алесандро Дел Пјеро кој на 42 години покажа дека му работи десната, како да е во сред кариера.

Голман, ти не треба да браниш

Го знаете оној маалски израз бековска? Кога нели голманот му ја остава на бекот да ја рогне што подалеку. Епа сега голманот ќе ви покаже како оди тоа.

Кој пукаше во фудбалеров?

Дечки не се расправајте само за тоа дали повеќе глумеле во Барса или Реал, видете го вие момаков по име Лукас Фонсека кој игра во Бразил. Актериште за сите пари кој доби страшен удар од воздухот. Дал да го земеме во Драмски или во МНТ? Кој знае колку го боли.

Енис Барди рамо до рамо со Асенсио од Реал Мадрид

Тоа што македонските надежи не успеаа да победат на ниту еден меч на дебитанското Европско првенство не го зема никој за грев. Во составот на Милевски кој очекуваме да биде идната А селекција на Македонија, скаутите избраа фудбалер и го сместија во славно друштво.

Најлудиот гол на Марадона за Наполи

Против Лацио на „Сан Паоло“ во Неапол. Сезона 1984/1985.

Отвораме против Словенците, со светскиот првак на крај

Со внимание ја следевме синоќешната ждрепка за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Хрватска. Се знае и распоредот кога ќе ги бодриме нашите ракометари.

Најубавите голови во кариерата на Лионел кој полни 30 години

Аргентинецот е роден во Розарио на 24. јуни 1987. Поминаа 13 години од неговото деби за Барселона и од тој ден до денес постигна повеќе од 500 голови. Ги издвојуваме најважните во неговата кариера.

Надежите на Македонија со пораз го завршуваат дебитантското ЕП

Убаво беше да се види, да се почувствува и да се одигра на еден ваков елитен фудбалски собир на кој учествувавме за прв во историјата. Македонија за жал не успеа да победи никого во тешката група, но како за прв пат остави одличен впечаток и што е најважно одигра со срце.

Мајсторија на Барди од 20 метри

По фантастичниот погодок на Никола Ѓорѓев против Србија, фудбалерите на Боби Милевски уште еднаш ги демонстрираа своите голгетерски квалитети од далечина. Овој пат има соло акција и голчиште на Енис Барди во првото полувреме против Португалија.

Македонија против Германија и две балкански земји

На денешната ждрепка во концертната сала „Лисински“ во Загреб, беа извлечени групите за Европското ракометно првенство кое се игра во јануари следната година во Хрватска.

Што мислат навивачите на Милан и Јувентус за случајот Донарума

Сагата за најталентираниот голман во Италија на кого му фрлаа банктони пред гол на ЕП У-21, сè уште не е завршена. Повеќето навивачи на Милан ако реши да остане се спремни да му простат и сметаат дека за неговоро „Не“ вината лежи во Рајола.

Топ 3 гола од слободен удар на нашата нова фудбалерка на Барса

По авантурите во Шведска, Германија и Франција, нашата фудбалска амбасадорка, Наташа Андонова направи бомбастичен трансфер од ПСЖ во Барселона каде потпиша договор до 2019-та година. И посакуваме многу голови и трофеи, па и споредби со Меси. Напред девојко, се потсетуваме на твојата фантастична левица.

Сте виделе ли поскап жив ѕид од овој?

Нихат Кавечи од Реал Сосиедад се мести на слободен удар против Касиљас, а пред него една стара добра дружина составена од: Раул, Фиго, Бекам, Роналдо, Зидан и Елгера. Ги гледаш и ти е глупо да ги погодиш. 

УЕФА има 18 забелешки за Телеком арената

На 46 дена до одржувањето на најголемиот фудбалски спектакл во Македонија, на стадионот нѝ најдоа толку недостатоци што човек кога ќе ги прочита ќе го фати страв на крај да не испадне македонската, па да ни речат повеќе среќа следниот пат.

Јапонското чудо од дете на врвот од светскиот пинг-понг

Сензација на светскиот турнир во Кина во пинг-понг: 13-годишниот Томоказу Харимото од Јапонија го победи легендарниот шампион од Белорусија Владимир Самсонов (41) со резултат 4:3.

Фамата на НБА драфтот 2017, избрани неколку Европјани

Синоќа во Бруклин 30 НБА тимови бираа кошаркари во два круга од драфтот, а Филаделфија го избра првиот пик на драфтот Маркел Фелц кој важи за неверојатен плејмејкер.

Како Ливерпул го претстави Салах

Црвените од „Енфилд“ го работат можеби најдобриот маркетинг од сите топ европски клубови. Тоа го докажаа и со презентацијата на новиот фудбалер, Египќанецот Салах кој дојде од Рома.

Бик прекина пријателски меч во Бугарија

На пријателската меѓу Ботев Пловдив и кипарскиот АЕЛ Лимасол, во 29’ минута на теренот влезе бик па средбата на кратко се прекина.

13 години од најочигледната местенка во историјата на Европските првенства

На 22 јуни 2004 во Португалија, „Аѕурите“ предводени од Трапатони испаднаа уште во група, после очигледно договореното реми меѓу комшиите Шведска и Данска. Полемики се водат до ден-денес, 13 години подоцна.

Кина У-20 ќе игра во четврта германска лига

Младинската репрезентација на Кина во новата сезона ќе игра во германска Regionalliga Sudwest: Ќе им дадат по 15.000 евра на 19 клуба и само ќе гостуваат.