30 јуни 2002: Германија - Бразил 0:2
„Во Јокохама игравме финале на СП. Влегов во игра на 5 минути до финишот и ја допрев топката. Бев близу до судијата кога досуди крај. Да се биде светски првак со Бразил на само 20 години е еден од најубавите мигови во мојата кариера“.
25 мај 2005: Ливерпул - Милан 3:3
„Тој ден сфатив едно нешто, а тоа е дека фудбалот нема никогаш да биде само спорт. Уште не ми е јасно како Ливерпул успеа да го направи тој пресврт. Иако загубив, сепак тоа беше натпревар на кој бев дел и јас.
1 јули 2006: Бразил - Франција 0:1
„Таа година Бразил имаше неверојатен тим, играа Кафу, Лусио, Роберто Карлос, Роналдо. Но друга страна беше Зидан кој играше во топ форма. Иако поради еден шокантен момент ја пропушти можноста да биде шампион во светот.
23 мај 2007: Милан - Ливерпул 2:1
„Тоа беше одмазда. Водевме 2:0 кога Кајт постигна гол во 89-та минута и со тоа ни внезе тензија. Дали пак ќе ни се случеше истото? За среќа не.
16 декември 2007: Бока Јуниорс - Милан 2:4
„Иако личи дека е лесно, сепак не е така на Светското клупско првенство. Постигнав гол во 61-ва минута. Бев избран за најдобар играч“