Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Барселона стигна до историска милијарда

Фудбалот до толку отиде (забега) напред со тоа парите, да за прв пат во историјата Трансфермаркет објави вредност на клуб од една МИЛИЈАРДА евра. Со помош на калкулатор некако пресметавме дека првите топ 5 клубови тежат нешто повеќе од 4 милијарди евра. За понатаму собирајте вие.

На кое место светските кладилници ја сместија Македонија

Со влог од 100 денари дека ќе бидеме шампиони, може да земете 25.000 денари, ама бидејќи Македонија не е Вардар, реалната слика е следна.

За што се замерија ѕвездата на Спортинг и Стефан Ристовски?

Холандскиот репрезентативец и најдобар стрелец на Спортинг Лисабон, Бас Дост по мечот од Купот против Кова Пиедаде каде „Лавовите“ едвај победија 1:2, влезе во вербален дуел со десниот бек на македонската репрезентација.

Најсмешниот тренер на годината

Мариуш Сумудица е Романец, тренер на турскиот прволигаш Кајзериспор. Да знаеле каков потенцијал за глума има, досега би играл во романскиот народен театар.

Леле кршење кичмааааа

Никола Јокиќ од Денвер му игра еден на еден на Дрејмонд Грин од Голден Стејт. Резултатот е: Дечко оди купи ми Малборо црвено и напиј се нешто од мене. Хаким Олајџувон би се гордеел со потегов.

Сторија за таксистот што заигра за Олимпик Марсеј

Фабрис Апрузес денес има 33 години, но неговиот живот практично не е променет. Игра аматерски фудбал, се вратил на работа во една од најголемите поштенски компании во Марсеј и докажал дека љубовта и огромното самопожртвување можат да направат чуда.

Јери Мина - танчерот кој ќе царува во шеснаесетникот на Барселона

Кој е првиот Колумбиец во историјата на Камп Ноу, за кој Барса стокми 5 годишен договор и клаузула од 100 милиони евра? Се работи за многу цврст и забавен играч кој ќе биде тежок за проаѓање. Игра во одбрана, но не го држи многу место. За 4 години кариера има постигнато 25 голови.

Матрикс гол преку голман

Секој би го избегнал голманот или би пробал да изнуди пенал со протнување на ногата во него, ама детево направи револуционерен потег.

Зошто е најважно да ја победиме Словенија на Вујо

За сите оние што ме прашаа...На ЕП во Хрватска клучната утакмица не е со Црна Гора. Клучната е со Словенија!!!! Зошто?

Судија призна дека направил кардинална грешка во бараж за Светско

Романскиот судија Овидиу Хатеган рекол дека се срами за катастрофалниот привид на мечот од баражот за пласман на Светско меѓу Северна Ирска и Швајцарија кога влијаеше на резултатот.

Меси како помлад објаснува како се дрибла еден на еден

Уште кога не бил толку познат и успешен или да речеме некаде на стартот на неговата ера, Лионел Меси одржал една лекција во која е професор, а тоа е играта еден на еден. На едноставен начин преку пракса, тој објаснува како да го измамиш чуварот на три начини.

Карлос Тевез во Кина земал по 9 милиони евра за гол

„Секогаш кога ќе ме фатеше носталгија за кафана и за другарите, само погледнував на сметка“, кажа во една прилика Дарко Миличиќ, човекот кој освои прстен во НБА со Детроит. Сличен е и Тевез.

Стив Кер ли е Баба Ванѓа ли е?

„Без Стеф Кари и Клеј Томпсон, Лу Вилијамс ќе ни даде 50 поени“, рекол тренерот на Голден Стејт Стив Кер пред мечот со ЛА Клиперс на кои гостите славеа со 125:106. На крај: Лу Вилијамс погоди 27 шута за вкупно 50 поени а Стив Кер само можеше да се насмевне.

Пола Серија А ужива на Малдиви и Дубаи

Италијанското фудбалско првенство паузира оваа недела. Супер можност за еден тон фудбалери да ја збришат на летување во сред јануари. Повеќето уживаат покрај вода и ретко кој се решил за студ. Милинковиќ Савиќ беше дома на божиќна софра, а неговиот колега Луис Алберто глода ребра.

Оториноларингологија

Евролигашките клубови имаат интересни администратори на Твитер. Прво Белграѓаните им пуштиле неколку зборови тешки за изговор, а сега Турците од Анадолу Ефес ги предизвикуваат. Во рамките на 17. коло Анадолу Ефес и Црвена звезда на Перо Антиќ играат во петок од 18:30.

Што прави Кристијано Роналдо за да не го познаат на улица?

Најдобриот светски фудбалер според ФИФА излегол да вечера во еден мадридски ресторан. На излегување од таму се замаскирал со шал, капа и марама за да не го познаат присутните, но и покрај тоа толпа народ се собрала да го сликне.

Раул Гонзалес пречекан во Загреб со видео од голот на Чупиќ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација е фаца број 1 во Хрватска. Само што слета со ракометарите во Загреб го седнаа на отвореното студио на ЕХФ кое оди во живо на Фејсбук. Гонзалес доби прашања и за Македонија поврзани со Европското во Хрватска и за европската титула со Вардар.

Пиши го Еибар, накриви капа и свиркај си

Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.

Момците на Раул ја анализираат Словенија уште на аеродром

Македонската ракометна репрезентација во сабота со почеток од 19:30, го стартува новиот предизвик наречен Европско првенство. Иако до мечот има нешто повеќе од 48 часа, нашите репрезентативци се веќе синхронизирани уште пред да се појават на паркетот.

Можно ли е чудо на ракометното ЕП со најдобриот тренер во светот?

Кога елитните ракометни собири ни се во близина, речиси секогаш постигнуваме добри резултати. СП 2009 во Хрватска беше наше лансирање меѓу првите 11 на светот, а петтото место од ЕП 2012 во Србија сѐ уште е нашето најголемо достигнување. Што нè очекува на претстојното ЕП во Хрватска, можно ли е да стигнеме до медал?

Во Саудиска Арабија жените ќе ги пуштаат на фудбал - првпат во историјата

Некогаш ако жена се осудеше да стапне на стадион, ја апсеа и затвораа. Сега работите се смените, па ќе можат и со кола да одат да гледаат фудбал.

Анегдотата како Гоце Седлоски играл рулет покрај Ван Нистелрој и Матеус

Во емисијата Podcast Inkubator која што ја води познатата уредничка на Index sport, Деа Реѓиќ, гостуваше секогаш занимливиот Јошко Јеличиќ, поранешен фудбалер на Хајдук и Динамо Загреб. Раскажа неколку смешки од соблекувалната на „Модрите“ а најсмешната беше поврзана со Седлоски (го викаат Гоца).