Што прави Кристијано Роналдо за да не го познаат на улица?
Најдобриот светски фудбалер според ФИФА излегол да вечера во еден мадридски ресторан. На излегување од таму се замаскирал со шал, капа и марама за да не го познаат присутните, но и покрај тоа толпа народ се собрала да го сликне.
На 7. јануари Роналдо одигра 90 минути на гостинскиот меч против Селта Виго (2:2), но не постигна ниту еден гол. Португалецот го пропушти мечот против Нумансија (2:2) во Копа дел Реј.