Како прво не се сомневам дека ќе ја победиме ЦГ и ќе играме во главна рунда. Во тоа сум УВЕРЕН! Меѓутоа во главна рунда на Шпанија, Данска и Унгарија, НУЛА бодови може да си ги ставиме во гз.
Ако бараме резултат Словенија е клучот! Тоа ќе значи пат во Вараждин со два бода минимум и добар психолошки моментум со кој ќе и излеземе на мегдан на Германија. Словенците обично не победуваат, ама изгубија три играчи а ние имаме стратег како никогаш до сега!
П.С. Пласман во главна рунда е секако успех а оние што мислат дека е време за медал да намалат од дрогите и да престанат да вршат притисок. Реален пласман е од 9 до 12; 5 - 8 огромен успех; се нагоре е СЕНЗАЦИЈА (со големи букви)!
Фејсбук статус на Таки Бошкоски