- Карлос Тевез го напушти кинескиот клуб Шангај Шенхуа точно една година по трансферот. Аргентинецот веќе неколку дена тренира со Бока Јуниорс што значи дека сака да ја заврши кариерата во родниот клуб како што вети пред заминувањето во Азија.
- Тевез во Кина го викнаа уште на почетокот на 2016-та кога му ѕвоенеле од Шангај СИПГ кае веќе се ситуираа Халк, Оскар и Андре Вилаш-Боаш, но Аргентинецот тогаш одбил 10-месечен договор вреден 25 милиони евра.
- На крајот другиот клуб од Шангај, Шангај Шенхуа бил поуверлив: на крајот од 2016-та Тевез потпиша 2-годишен договор со плата од околу 38 милиони евра (730.000 евра неделно!).
- Кинекиот клуб никогаш не ја објави точната цена, но варијантите одеа од 11 до 84 милиони евра (во втората сума „се колнеше“ The Guardian).
Притоа Кинезите се плашеле дека Тевез на пола договор ќе го фати носталгија па го заштитиле со клаузула од 60% од обештетувањето ако некој клуб (ако Бока сака да го врати).
- Тевез за платата изјавил: „Тоа не е тема на која би зборувал со сите по ред. Ги уважувам и ценам соиграчите. Не заработувам толку многу како што пишува по весниците“, рекол Карлитос.
Кинеските медиуми со сигурност тврделе дека Тевез има два пати поголема плата од најголемата во Европа - 350.000 евра неделно!
- Според нивните пресметки што се најизгледни за точни зошто се од самиот извор, Тевез заработувал 730.000 евра неделно, одигра 20 меча и постигна само 4 гола после што ги разбеснил навивачите кои го исвиркувале и го критикувале по социјалните мрежи.
- Пресметката покажува дека Тевез земал грубо 1.898.000 евра за натпревар и 9.490.000 за постигнат гол каков што му бил мизерниот учинок на крај.
- Екипата Шангај Шенхуа имала просечни резултати и била на средина од табелата.
- Карлитос има две цели пред крајот на кариерата - да ја освои Копа Либертадорес со Бока Јуниорс и да се врати во репрезентацијата за Светското 2018.
„Ми остана уште малку време да играм фудбал. Ако ме викнат за Светско првенство, тоа за играч на моја возраст би било прекрасно признание“, вели Тевез.