Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Со него е исто и на тренинг и на натпревар

Колку е добро Меси да е секогаш од твоја и никогаш да на треба да го чуваш. Нели Ракитиќ?

Немој толку јако да шутираш, ќе го издишеш

Арсенал и Челси одиграа натпревар без голови во Лига Купот, а потегот на средбата го има Алекс Ивоби кој толку силно ја шутна што Куртоа се жалел дека го печеле рацете.

Старите ставаа ракија на чело, а Нејмар копачка

Господинот 222 милиони евра синоќа во Лига Купот против Амиенс стигна до гол број 20 оваа сезона за ПСЖ на сите натпреварувања. Сите се чудат и се прашуваат што му значи оваа несвојствена прослава на гол, а тој тврди дека само сакал да испочитува другарче на кој му било роденден.

Каков бил Кутињо на мал фудбал како дете

Барселона за него одвои 142 милиони фунти и тој трансфер стана еден од најголемите во историјата. А каков бил Кутињо на 13 години во 2005-та кога ги дриблал врсниците на мал фудбал?

Првата средба на Стив Кер со Мајкл Џордан

Заедно прославија три титули со Чикаго Булс, но првиот пат кога актуелниот тренер на Голден Стејт Вориорс го сретнал најдобриот кошаркар на сите времиња во доаѓање, се исплашил од тоа што го видел.

Најјаките изјави во кариерата на славеникот Рино Гатузо

„Ова е рај, мора да сонувам“, изјави најголемиот борец во историјата на италијанскиот фудбал кога го назначија за тренер на Милан. На 9. јануари наполни 40 години и за секоја година има по некоја занимлива искрена изјава.

Специјални честитки за Гатузо од легендите на Милан

Малдини, Кафу, Кака, Броки, Шевченко, Каладзе, Амброзини и Пирло во едно видео за јубилејните 40 години на Рино Гатузо. Шева: Немој да викаш толку на терен, не можам да го чујам коментаторот. Пирло: Полниш 40, а по два месеци престој во Милан личиш на 50.

Носталгијата на ултрасите на Рома

А како да не жалат за едно време во кое на трибината немаше место игла да падне а организацијата ја водеше легендарната C.U.C.S (Commando Ultra Curva Sud), една од групите основополжници на навивачкиот свет во Италија.

Најубавите моменти на Бергкамп во една минута

За холандската фудбалска легенда е познато дека не одеше на гостување кога требаше да се патува со авион, бидејќи имаше фобија од летање. Тие екипи кои беа далеку од Лондон, можеа само да бидат среќни што не мораа да бараат чаре како да го сопрат. За Арсенал: 315 настапи, 87 гола, 94 асистенции, 3 титули Премиер лига, 4 трофеи ФА Куп. Доживотно ќе му поклонуваат во Лондон.

Владо Илиевски поднесе иницијатива за смена на Пеце Наумовски

Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?

Новиот јунак на „Олд Трафорд“ кој Фергусон го претскажа пред 6 години

Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.

Фудбалерот на Нотингем Форест доби куче

Откако жена му му поставила услов да направи хет-трик сезонава ако сака да чува куче дома, американскиот бек од Нотингем, Ерик Лихај сензационално со два гола го елиминираше Арсенал од ФА Купот, па тоа беше доволно да го вдоми малиот ’Ганер’.

Најјакиот прием во женски фудбал

Знаат Ибра, Роналдињо и слична банда како нив да си играат со вакви слични потези, ама за женски фудбал ова е ептен, ама ептен добро и неповторливо. Капа доле девојко за потегов. Се работи за Мексиканка.

Со два потези го прати дома на спиење

Ешли Јанг уште не може да сфати што му случи на овој дуел со Вилфред Заха и ја прегледува забавената снимка едно 100 пати. Со тоа вториот потег го понижи како мало дете.

Запознајте го РК Вардар од Мексико

Европската титула на Вардар не им донесе слава само на стариот континент, туку и подалеку. Во Средна Америка има ракометен клуб со исто име и лого. Циркуз.

Македонски Телеком го најави партнерството со Ракометната федерација на Македонија

Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно - Македонски Телеком ја има најдобрата и најсигурна мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешниот спорт во Македонија, во континуитет, години наназад.

Башка Селџук, башка Самсунг

Капитенот на Галатасарај, Селчук Инан ја загуби битката со гигантот Samsung, откако судот во Истанбул го одбил неговото барање моделите Samsung S8 да се повлечат од употреба поради авторските права на логото.

Бегството на Гатузо низ прозор за трансфер во Шкотска

Големиот борец од средниот ред и сè уште недокажан тренер, имаше нeзаборавни 13 години на Сан Сиро каде ги фати најубавите години на Милан. Денеска полни 40 години, а ние ќе се вратиме на неговиот прв професионален договор во кариерата за кој бил пријавен во полиција.

Германија е тоа, ништо не препуштаат на случајот

Во Бундеслигата во моментов работат 6 главни тренери помлади од 40 години. Двајца од нив - Јулиан Нагелсман и Доменико Тедеско се главни претставници на новата генерација, потекнуваат од локална тренерска школа и во 2017-та направија револуција во германскиот фудбал.

Билансот со ВАР во Серија А е 58 точни и 26 погрешни одлуки

По 5 месеци фудбал со новата технологија во новата сезона и 198 првенствени натпревари во италијанското првенство, резултатите не се баш задоволителни. Од ВАР се очекуваше поголема ефикасност која ќе го направи фудбалот потранспарентен.

Одбраната на сезоната во Кипар е на наш голман

Поранешниот македонски репрезентативец, Един Нурединоски кој кариерата ја почна во Вардар во 1999-та, тотално ја збуни спортската јавност во Кипар. При резултат 0:0 на неговиот Арис Лимасол против Докса, тој направи скроз невообичаена интервенција која повеќе личеше на ракометна. Арис на крај славеше 1:0.

Најбрзиот напад во историјата на градското дерби

Кога Раул, Бекам, Зидан, Роберто Карлос и Роналдо не им дадоа на играчите на Атлетико да ја видат топката.

Какви награди им делат на најдобрите играчи во Јужна Африка

Имаше таму едно Светско првенство во 2010-та кое го паметиме по тики-така играта на шампионот Шпанија, вувузелите и химната на Шаќира, ама има и доста вредни награди за најдобрите фудбалери за кои човек би помислил дека им ги даваат на мајтап.