Старите ставаа ракија на чело, а Нејмар копачка

Господинот 222 милиони евра синоќа во Лига Купот против Амиенс стигна до гол број 20 оваа сезона за ПСЖ на сите натпреварувања. Сите се чудат и се прашуваат што му значи оваа несвојствена прослава на гол, а тој тврди дека само сакал да испочитува другарче на кој му било роденден.

Од дебито на 13 август против Генгамп на кое даде и намести гол, планетарната бразилска ѕвезда стигна до 20 погодоци и тоа до полусезона. 11 во првенството, 6 во Лига на шампиони, 2 во францускиот Куп и 1 во Лига Купот.

Овој последниот на синоќешниот дуел кој Парижаните го добија 0:2 на гости, го прослави како да се наоѓа во македонска кафана некаде пред фајрон.

Нејмар на Инстаграм објави слика од него и од неговиот другар на кој вчера му било роденден и тој стварно правел кафанска фора.

11 јануари 2018 - 09:24