Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Како тргнала работава, Мурињо и Конте ќе се степаат наскоро

Гвардиола практично ја освои титулата во Премиер пред Нова година, па останатите тренери се занимаваат со други работи. Клоп гледа како пред негови очи продаваат и купуваат играчи за рекордни суми, Венгер се расправа со судиите, а Конте и Мурињо еден со друг.

Незаборавниот момент за секој навивач на Арсенал

Додека МЛС лигата имаше зимска пауза, навивачите на Арсенал имаа можност уште еднаш да го видат својот миленик како го облекува дресот на Топџиите. Пристигна во Лондон на двомесечна позајмица на 6 јануари 2012-та како ветеран со 35 години и на денешен ден влезе во игра против Лидс и го реши мечот во ФА Купот. По легендарен кам бек на најдобриот стрелец во историјата на Арсенал кој им донесе две титули и даде 228 гола за 8 сезони, не можеше да се случи.

Во Драмски театар отворија место за Роналдо

Дали не може да се помири поради личниот преслаб учинок во домашното првенство или очајната четврта позиција на табела на -16 бода зад Барса, тој си знае. Како и да е, играч со такво име, слава и репутација во цела планета, не смее да си дозволи вакво нешто и тоа пред очите на судијата.

Ти му викаш оди лево, тој не знае кај е

На еден од некогашните тренинг семинари за млади талентирани кошаркари во Црна Гора, легендарниот Дуле Вујошевиќ се обидува на едно дете да му објасни да оди во лево.

Кари даде 45 поени за 30 минути

Голден Стејт триумфираше над ЛА Клиперс со одлична игра на Стеф Кари кој за 30 минути постигна неверојатни 45 поени (8 тројки).

Го елиминираше Арсенал од Купот и бара жена му да му купи куче

Арсенал синоќа загуби од Нотингем Форест (4:2) - тоа е 14-та екипа од чемпионшип која што не победила веќе 5 кола по ред и од 15 можни бодови освоила само 2.

Фудбалерот кој го обединува Блискиот Исток и ги помага египетските села

„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.

Белгиецот Компани е најучениот меѓу фудбалерите

Дете на мигранти од Конго, капитенот на белгиската фудбалска репрезентација и на англискиот лидер Манчестер Сити важи за еден од најинтелегните играчи на денешницата. Не го занимаваат шарени копачки и фризури со гел, туку нешто далеку подлабоко.

Како навивачите на Вардар во Келн реагираа на голот на Чупиќ

Иако веќе го одбележавме како спортски број 1 за 2017-та и при тоа објавувавме видеа со делириумот кој се случуваше тој историски ден во Скопје, во сандачето ни стигна порака со видео парче кое сме го немале на сајт. Читателот тврди дека и навивачкиот агол на тој легендарен гол заслужува да се најде во топ моментите на годината. Во право е.

Јапонски фудбал тројца против 100 души

Тројца јапонски фудбалери челичат 100 деца во натпревар на кој децава иако се толку многу на број, едвај успеаваат да ја допрат топката без разлика што можат да се постават во формација 40-40-20 или да речеме 50-30-20. Тоа што имаат едно 10 голмани не им го спасува голот, бидејќи не им текнува да се качат на ушка.

Минути со проф.д-р Зинедин Зидан

Беше професор, доктор, учител, уметник и не знаеме веќе што за фудбал. Човек кој играта со топка ја негуваше до совршенствно. Кога Зидан везеше во среден ред, тоа го правеше како е е најлесната работа на светот. Ќе се роди ли повторно ваков мозок?

Анегдотите на тренерите со традицијата пиење вино во Премиер лига

Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.

Секогаш е убаво да се чуе ова химниште, особено од вакви навивачи

You'll Never Walk Alone е песна која не старее и не здосадува. Таа не грми само на Енфилд, туку и на други стадиони. Одиме со едно нејзино празнично издание во изведба на навивачите на Селтик кои ти прават да ти пролазат морници без разлика за кого навиваш.

Исцрпувачката судиска работа за време на немилосрдниот празничен фудбал во Премиер лига

Гвардиола е еден од последните тренери кој новогодишниот распоред во Премиер лига го нарече катастрофален за играчите, но се запрашал ли некој како им е на судиите кои киснат по патишта и глават на стадион скоро колку едно работно време од 8 часа.

Царот што три месеци снимал видео со најдобри потези на Федерер

Покрај сите награди, одличја, трофеи и достигнувања, Федерер одвои време да му се заблагодари на човекот кој цели три месеци ги склопувал неговите најдобри потези во кариерата во едно видео.

Гркот води во изборот за Ол-Стар 2018 пред Леброн и Кари

Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.

Во Бундеслига веќе нема да се игра со топки Adidas

Најпознатиот германски производител на спортска опрема веќе нема да доставува фудбалски топки за најголемиот спортски турнир во Германија.

Лудорија од гол на голман кој последен сфатил дека е стрелец

Ли Изи кој настапува за тимот на Кармартен Таун во првата фудалска лига во Велс, ја стартуваше 2018-та со својот прв гол во кариерата кој ќе го раскажува на внуците. Тој ја рогна до небо и потоа го чекаше исходот кој го дозна со задоцнување.

Најдобри спортски фотографии во 2017

Минатата година беше полна со спортски настани а некои од необичните спортови влегоа во најтесен избор за фотографија на годината сликана на нивните натпревари.

Лондонско дерби со две ремек дела и фото на годината

Фудбалерите на Тотенхем и Вест Хем одиграа здодевен натпревар на кој скоро пола стадион беше празен, а до 70-та минута мрежите мируваа. Потоа паднаа два проектили кои ќе конкурираат за гол на сезоната во Премиер лига

Галијани: Брат му на Балотели е лажго

Марио Балотели и неговата прва будалаштина во 2018-ма. Го победил брат му на ФИФА, ама овој не сакал да го признае поразот, па ги насамарил Нејмар, Фалкао и компанија сите заедно да го тролаат брат му дека е лажго. Вакво нешто би му текнало само на Марио и никој друг.

Арпад Штербик - уникатен феномен во светот на спортот

Како да ви го опишам? Људина од преку два метри, но веќе на прв поглед се гледа дека е добар човек. Мирен, сталожен, ниту трага од надменост. Мирот од терен го пренел во својот приватен живот или па можеби е обратно.