Иако звучи чудно и скроз несвојствено, ете и на една Англија може да и се случи навивачите да посакаат да се одморат од фудбал во тој нивен набиен празничен распоред.
Лондонското дерби меѓу Тотенхем и Вест Хем го следеа 50.034 гледачи на стадионот Вембли кој собира 90.000 публика. Тие што беа на стадион ги видоа можеби двата најубави погодоци оваа сезона со кои се запечати конечниот резултат 1:1.
Во 70-та минута Обианг испука проектил за 1:0.
А во 84-та минута Кореецот Сон Хеунг-Мин знаете што направи? Возврати со проектил
Двата гола заслужуваат место на најавна шпица и поделба на признанието „гол на месецот“.
Овој меч ја носи најјаката фотографија на денот, месецот и годината благодарение на голманот на Вест Хем кој ја помеша топката со главата на Кујате. Ама браво и за фоторепортерот.