Најдобри спортски фотографии во 2017

Минатата година беше полна со спортски настани а некои од необичните спортови влегоа во најтесен избор за фотографија на годината сликана на нивните натпревари.

Падот на Евгенија Медведева за време на настапот на Европското првенство во уметничко лизгање, каде Русинката конечно го освои златото.

Тренинг на фристајлери (дисциплина могул) во Јужна Кореа каде во февруари ќе се одржува Олимпијадата.

Кинески фристајлер на шпанско небо. Натпреварувањето се одржа во Сиера Невада - горниот масив на топлата Андалузија.

Веројатно би погодувале кој е овој играч ако во кадар не упаднало неговото презиме.

Сурово австралиско рагби:

Жозе Мурињо ја слави победата на Манчестер Јунајтед над Ајакс (2:0) во финалето на Лига на Европа.

Навивачите на Спартак Москва чекаа 16 години да се радуваат на титулата и дочекаа. Ја прославија на новиот стадион „Откритие Арена“.

Како изгледа мечување во крупен кадар:

Севернокорејските синхронисти настапија на Светското првенство во Будимпешта (зад црниот чадор е тренерот). На овој Куп Северна Кореја завршила 9-та.

Прво коло од фудбалското првенство на Русија и мечот Динамо - Спартак Москва. Пронајдете го на фотографијата човекот кој не е во темно-сина униформа:

На Европското првенство во рагби на песок демонстрираа интересна техника за спречување напад на противникот:

На Светското првенство во атлетика во Лондон имаше неколку голи навивачи од кои еден упадна на патеката со натпис Peace + Love на градите:

Лондон 2017, Светско првенство во атлетика:

Најтажниот момент во 2017-та: Усеин Болт падна, заработи повреда и не ја заврши последната трка во кариерата - штафета на 4х100 метри на Светското првенство со Јамајка:

Познатиот хај-драјвер Дејвид Колтури скока во вода од висина од 27 метри. Лудост.

Следнава фотографија изгледа страшно како што и заврши. Крилниот напаѓач на Ливерпул Садио Мане со цела сила со нога го удри голманот на Манчестер Сити Едерсон и доби црвен картон. Голманот избегнал потрес на мозок, но доби 3 конци и се врати на терен.

Во септември во формула 1 се случи најмасовниот инцидент и хаварија во која најдебелиот крај го извлекоа Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Заедно со нив „стапот го изеде“ и Макс Ферстапен.

Фаул е или не?

Вака изгледа женска агресија во UFC:

За време на женски фудбал во Австралија светкаат молњи:

Магичен пејзаж од првата етапа во Светскиот Куп по биатлон 2017/2018 во шведскиот Естерсунд:

Ритмичка гимнастика може да изгледа и вака:

5 јануари 2018 - 11:01