На спортски план, оваа 2018 година беше многу занимлива. Гледавме Светско првенство во фудбал, нов турнир од УЕФА - Лига на нации, интересни кошаркарски, ракометни, тениски, одбојкарски и дуели од другите спортови.
Во вториот екстра тајм од полуфиналето на Светското, Марио Манџукиќ постигна прекрасен гол а толпата хрватски играчи во еуфоричната прослава се израдува и со еден турнат фотограф кој лежеше на земја и славеше со нив.
Минатата година беше полна со спортски настани а некои од необичните спортови влегоа во најтесен избор за фотографија на годината сликана на нивните натпревари.