Исцрпувачката судиска работа за време на немилосрдниот празничен фудбал во Премиер лига

Гвардиола е еден од последните тренери кој новогодишниот распоред во Премиер лига го нарече катастрофален за играчите, но се запрашал ли некој како им е на судиите кои киснат по патишта и глават на стадион скоро колку едно работно време од 8 часа.

Судијата Андре Маринер утрото на Боксинг деј се качи во својот автомобил и возеше 100 милји од неговиот дом во Бирминген до хотел во близина на стадионот Викариџ Роуд, каде беше ангажиран како четврти судија на мечот Ватфорд - Лестер. Поради безбедносни причини, судиите се предупредени да ги возат своите коли, но тие се возат заедно со нивните помошници од хотел до стадион.
 
Откако 47 годишниот Маринер го досуди последниот свиреж и ги заврши пост натпреварувачките задачи, што вклучува анализа на мечот со делегатот, а понекогаш и дискусија со лутиот тренер, се врати назад во хотел. Потоа го чекаа 4 и пол часа пат до Сент Џејмс Парк, каде следната вечер го судеше мечот меѓу Њукасл и Манчестер Сити.
 
Северно источниот дел од земјата го напушти околу полноќ, откако Сити славеше 1:0 и дома пристигна рано наутро на 28 декември.
 
Немаше многу слободно време за одмор, бидејќи по два дена на 30-ти декември веќе го чекаше нова работа, а тоа се 6 часа пат до стадионот Виталити, каде беше четврти судија на средбата меѓу Бурнемут и Евертон. Следната година на 1-ви, англискиот арбитар беше задолжен да го суди мечот Евертон - Манчестер Јунајтед, за што му беа потребни 5 часа пат до Гудисон Парк.

Сумарано, тоа значи дека Андре Маринер во период од една недела судел 4 натпревари и извозил 1.100 милји (1.770 км) за кои му биле потребни околу 20 часа возење со кола. Ништо помалку не биле поштедени и неговите колеги кои горе-доле сите поминале пат од по 1.000 милји.
 
Исцрпувачкиот распоред Маринер успеа да го помине без грешки од висок профил, но многу од неговите колеги ја немаа таа среќа. Мајд Дин, Крег Паусон и Џон Мос беа меѓу најкитикуваните.
Мурињо, Венгер, Конте и Гвардиола го критикуваа распоредот кој захтева натпревар на секои 2-3 дена и се жалеа дека нивните играчи биле исцрпени, но што да кажат судиите на кои пред тие стресни 90 минути им претходи пат со кола.
 
Нив нема кој да ги замени како што е случај со играчите и плус не се толку млади како нив. Судиите во Премиер лига се во петта и близу шеста деценија од својот живот.

„Тие се човечки суштества, а не машини, затоа грешките кои ги прават не треба да претставуваат изненадување. Тоа не е само физички замор, туку и психички, бидејќи во тој период не можеш да избегаш од фудбалот. Одиш од натпревар во натпревар со едвај малку одмор и си под постојан притисок од навивачите и медиумите“, вели поранешниот судија Кит Хакет.
Минатата недела притисокот од страна на јавноста беше интензивиран за судиите, а критики за судењето имаше и од тренерите како Мурињо и Венгер.
 
Важна работа за истакнување во работата на судиите е тоа што нивните обврски не траат само 90 минути, туку многу повеќе од тоа. Тие се појавуваат на стадион 2-3 часа пред натпревар и започануваат со безбедносни брифинзи, потоа се загреваат и мора да бидат сигурни дека целата техничка опрема за мечот е на место.

Речиси после секој натпревар на долго и широко се објаснуваат со незадоволни играчи и тренери од судиските одлуки, а откако ќе помине половина час по последниот свиреж, двајцата тренери имаат право да влезат во нивната соблекувална на разговор.
 
Кога сите овие должности ќе ги завршат, судиите го напуштаат стадионот, а тоа е обично неколку часа по завршувањето на средбата.
 
За поголемиот дел од сезоната, тоа е тежок, но прифатлив начин на живот, но во текот на празничкиот период, за судиите е многу тешко, исто како и за играчите, тренерите и цел стручен штаб. Но во голема мера виновни за турбо распоредот пред и по нова година се самите клубови кои потпишуваат мулти-милијардерски тв договори, каде судиите не можат да влијаат.

Нивните плати се смешни во споредба со милионите кои ги заработуваат играчите и тренерите. Судиите во Премиер лигата земаат по околу 100.000 фунти годишно, а тоа е половина и повеќе од една неделна плата на фудбалер.
„Мојата загриженост е дека колку повеќе грешки се случуваат, толку е поголема шансата за губење почит кон судиите. Тренерите не треба да ги напаѓаат и јавно да ги обвинуваат, туку треба да го почитуваат правилото од 30 минути и да ги кажат поплаките зад сцената. Антагонизмот што го добиваат судиите, придонесува за нивно растечко чувство на огорченост“, вели Хакет.
Поранешниот арбитар нуди две решенија за да се намали тешкиот рааспоред за неговите актуелни колеги. Да се ослободат од обврските како четврти судии и да ги заменат адекватни судии од пониските лиги, како и повеќе да се ангажираат помладите судии на тие позиции.
5 јануари 2018 - 13:41