Селчук Инан (33) важи за еден од подобрите фудбалери на турската репрезентација и лидер на Галатасарај. Ама тоа баш ништо не му значеше во барањето до судот да се забрани фамозниот S8, производ на корејскиот гигант Самсунг.
Селчук пред четири години во Турскиот Институт за заштита на правата го регистрирал логото "S8" (го носи бројот 8 на грбот) како што направија Кристијано Роналдо чијшто бренд е познат како CR7 или неговиот другар од детство и фудбалер на Бешикташ Рикардо Кварежма (Q7).
Репрезентативецот на Турција барал оштета од 110.000 Турски Лири (29.000 долари) како компензација од гигантот од Јужна Кореа.
Судот за заштита на авторските права во Истанбул го одбил неговото барање мобилниот телефон S8 да се тргне од продажните места, затоа што Samsung го регистрирал логото S8 уште во 2010-та.
„Зборовите и броевите не може да се поседуваат. Кога брендот е анализиран во целост, продуктот на Самсунг е добро познатиот ’Галакси’ бренд“, стои во соопштението на судот.
Корејската компанија ги промовираше Galaxy S8, Samsung Galaxy S8+ и Samsung Galaxy S8 Active во март 2017 како наследници на Samsung Galaxy S7 и S7 Edge.