Ќе пропатуваме 30 години низ НБА времепловот или поточно во 1988-ва кога Стив Кер, тогаш 22 годишен ги направил првите чекори во најквалитетната кошаркарска лига во светот.
Пред очите на русокосиот кошаркар кадарен за тројки, се појавил еластичниот црномурест играч кој потоа ќе стане познат како летечкиот Ем Џеј, кој ќе го покори светот.
Сè уште несвесен дека еден ден ќе заигра со него, ќе освои титули и заедно ќе му пружат на светот возбудлива кошарка во 90-те, Кер го гледал Џордан со восхит и страв кога видел што направил. Тоа било натпревар меѓу Чикаго и Феникс Санс.
„Моето искуство како дебитант не беше лесно. Бев избран од Феникс во втор круг како 50-ти пик на драфтот во 1988-ма и немав загарантиран договор. Покрај тоа, на еден oд првите егзибициски мечеви во мојата кариера, меѓу играчите го сретнав Мајкл Џордан. Во еден момент за време на натпреварот, се сеќавам дека Ем Џеј се најде токму пред мене додека седев на клупата. Се сврти и ми рече `Еј, гледај го сега ова`. Ја држеше топката со една рака, потоа тргна накај Дан Мајерл во игра еден на еден и му ја заби топката во фаца. Јас гледав преплашено и во тој момент сфатив дека никогаш нема да успеам да направам такви потези. Додека се враќаше на средина од паркетот, ме погледна со насмевка. Сфатив и дека не се чувствувам спремен да влезам во игра и да се соочам со такво нешто“, вели искрениот Кер.
Инаку Стив Кер е 7-кратен НБА шампион. Како играч има 3 прстени со Чикаго и 2 со Сан Антонио, а како тренер 2 со Голден Стејт. Тој е играч со највисок процент (45,4%) на шут за три поени.
Занимлива е и неговата прва средба со Тони Кукоч.