Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.
Египетскиот Ал Ахли морал да го прекине претпоследниот тренинг пред реваншот од финалето на африканската Лига на шампиони затоа што на стадионот дошле илјадници навивачи. Првиот меч против Видад од Мароко завршил 1-1, а реваншот е во сабота во Казабланка.
Бенфика се гревои во групата А од ЛШ и синоќа станаа првиот португалски клуб кој ги загубил сите први 4 меча во елитното натпреварување. Пораз од Базел, ЦСКА Москва и два пати од Манчестер Јунајтед. Но затоа имаат вистински навивачи кои и во вакви лоши моменти за клубот се со нив. Им приредија трето полувреме на Олд Трафорд, кое потсетува на тоа што Комитите му го направија на Вардар по дебаклот со Зенит и Реал Сосиедад.
Најтрофејниот италијански клуб денес слави 120 години од основањето (1. ноември 1897) и за таа прилика управата спремила неколку пригодни манифестации и голема фешта закажана за 5. октомври од 15 кога играат против Беневенто на „Алијанц Арената“.
Минатата недела бекот на Албасете, Мариано Битоло на мечот против Уеска заработил тешка повреда на пенисот после што го сошиле и сега полека се опоравува.
Додека синоќа екипи како Барселона и Атлетико Мадрид се тетеравеа, Џо Вилијамс од Евертон кој е на позајмица во Барнсли постигна гол во Чемпионшип лигата каков што немаше синоќа во ЛШ.
Очигледно повеќе им годеше стариот „Висенте Калдерон“ зошто откако се преселија на новиот модерен „Ванда Метрополитано“, не знаат што значи две-три победи во серија.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше фантастично деби во Лига на шампиони. Доби шанса против Јувентус и ја искористи максимално добро, а Португалците на Твитер го посипаа со позитивни критики.
Рома со 3:0 го прегази Челси и со 8 бода се издвои на првото место во групата Ц. За време на целиот меч, дефанзивците на Конте изгледаа како мали деца.
Додека Суарез, Бускетц и Меси не можеа да најдат дупка во одбраната на Олимпијакос, еден навивач најде дупка меѓу редарите на стадионот „Јоргос Караискаки“ и стигна до Аргентинецот за да го гушне и бакне.
Македонскиот репрезентативец на голема врата дебитираше во елитното натпреварување и цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Рома го декласираше Челси, ПСЖ од друга планета, а Барселона киксна во Пиреја.
Ги гледате сликиве и не ви е јасно дали Манчестер Сити оди на одмор на Хаваи или на гостување во Лига на шампиони. Наполитанците не можеле да им изберат попервезен хотел, кој инаку е со поглед на вулканот везув. Резервирани се два спрата со вкупно 100 соби, еден спрат за Гвардиола и стручниот штаб и уште еден само за играчите. Инаку ќе доаѓаат гости и од Обединети Арапски Емирати. Клубот доаѓа со сопствени готвачи. Нема потреба од други детали. Фрлете око на луксузов.
Актуелниот шампион на Англија ви го честита денешниот празник „Ноќ на вештерките“ со едно интересно видео во кое се ствавени соло акции и дриблинзи на играчи кои кога ќе тргнат уплав да те фати.
Искрено веруваме дека навивачите на Вардар во првата прилика ќе се искупат за промашеното тифо на мечот против Реал Сосиедад, а до тогаш ќе ја разгледаме тематиката ширум Лигата на шампиони.
Бразилскиот клуб Ибис живее во паралелен универзум. На крајот од септември неочекуваната победничка серија ги фрлила навивачите на овој тим во депресија и тие со носталгија се сеќавале како екипата еднаш не можела да победи цели 4 години!
Кога на листата на стрелци во Ла Лига гледате дека Меси има 12 гола по 10 изминати кола, а Роналдо и Бензема по само еден, тогаш очигледно е дека европскиот првак не личи на себе. Па еден Барди како дебитант во Шпанија стигна до 4 погодоци.
Ако треба да се оценува, Интер е за 10-ка, изјави Лучано Спалети. И во право е бидејќи за разлика од ланската сезона во истиот период тимот има дури 15 бода повеќе, а тоа е скок од 14-то на 2-ро место.
Денес полни 15 години најсмешниот меч во историјата на Мадагаскар каде една од екипите не и дала на другата да пипне топка ама на крај изгубила 149-0. Овој меч и официјално е влезен во Гинисовата книга на рекорди.
Играта на Меси дефинитивно треба да ја има од учебник и да се предава во школо. Во пресрет на вечерашното 4. коло од Лигата на шампионите ве потсетување на едно од неговите најдобри, ако не и најдобро издание против Реал Мадрид. 2 минути и 20 секунди на кои е забрането трепкање. Ќе ги расплачеше уште малку.
Ти си уствари дете и одиш на стадион само ако те однесе татко ти, а максималната близина која можеш да ја оствариш со идолот од Премиер лига ти е да закачиш постер од него во соба. И наеднаш ти влетува од зад грб. Даниел Стариџ.
Некогашниот шпиц на Удинезе, Рен, Сандерленд и репрезентацијата на Гана неколку години го немаше на фудбалската мапа и сите заборавија на него. Сега се враќа како цар од Истокот.
Во недостиг на информации како нашево знаме завршило баш на оваа трибина во Италија, одиме со две претпоставки. Или се ова некои нашинци кои живеат таму и се загреале по дебитантот во Серија А кој не знае кај тера или па многу го почитуваат Никола Јакимовски.