Италијански новинар го тролаше Конте со потпишан дрес од Мурињо
Меѓу италијанските новинари има и класични тролачи, а еден од нив ја искористи последната прес-конференција на Конте во Лондон да му подари дрес од Манчестер Јунајтед со автограм од Мурињо и натпис: „До мојот драг пријател Антонио“. На крај тренерот на Челси му кажа дека може слободно да си го земе назад дресот. Ова доаѓа по жестоките напади на релација Конте-Жоозе.