Оваа информација е соопштена на официјалниот сајт на УЕФА а брза реакција следуваше и од претседателот на оваа организација, Александар Чеферин кој пред неколку дена беше во посета на Скопје.
„Инспекторите кои работеа на случајот наместени натпревари на Скендербег добија смртни закани со цел да отстапат од гонењето. Овие закани нема да не исплашат и да не оддалечат од истрагата зошто УЕФА води одлучна борба против местењето натпревари“, рекол Чеферин.
Веста за драконската и најголема казна во историјата на фудбалот пред два дена ја соопштија албанските медиуми кои потврдија дека Скендербег поради „штелањето“ резултати во сезоната 2015/2016 во првенството на Албанија и во Лига Европа е суспендиран на 10 години и милион евра.
„Ние никогаш нема да дозволиме луѓето од УЕФА да бидат предмет на закана од некое трето лице. Тие ја имаат нашата потполна поддршка“, вели Словенецот кој беше на отворањето на сместувачките капацитети во зградата на ФФМ.
Албанскиот клуб којшто беше учесник во еврокуповите во изминатите сезони беше исфрлен од ова друштво во сезоната 2016/2017, но истрагата продолжила па пред неколку дена е изречена драстичната суспензија.
Албанските медиуми притоа открија дека Скендербег ги местел резултатите во Европа против Спортинг, Локомотив Москва и Динамо Загреб но дека ниту еден од противниците немал никаков удел во валканите игри.
KF Skenderbeu will most likely be handed a 10 year ban from UEFA for match fixing offenses during the last seven years pic.twitter.com/pBgVWPPU9Q
— Ermal Kuka (@Ermal_Kuka) February 15, 2018