Ти само фрлај рекети, ние ќе чекаме

Шпанецот Пабло Карењо Буста изгуби 7-6; 1-6; 7-6 од сонародникот Гарсија Лопез во второто коло на турнирот во Буенос Аирес кој е во категорија АТП 250 и го фрли рекетот во публика. За среќа не повреди никој, рекетот само како лоб удар падна бавно во рацете на еден среќен навивач.

А на Твитер се огласи и среќниот добитник на вреден рекет: „Еве го резултатот кога Карењо Буста губи и се нервира - го фрла рекетот во публика“, напишал извесен Матијас.

16 февруари 2018 - 15:22