Кројачот да ви ги врати парите

Дури и ако не гледате карлинг, овој спорт би можел да ви одземе внимание особено кога играат Норвежаните. Еден детал посебно ќе ви боде очи.

Скандинавците на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг покажаа дел од опремата која што им ја спремиле за Игрите а во колекцијата имале 11 различни парчиња облека.

***

Целата приказна околу опремата на репрезентацијата на Норвешка во карлинг датира од Ванкувер 2010.

На неколку недели до почетокот на тие ЗОИ Норвежаните имале проблеми со опремата, нешто им се искомплицирало со добавувачот па на тимот му донеле неправилен комплет. Немале време да ја исправат грешката, па карлингистот Кристофер Све брзо седнал на интернет да побара замена. Влегол на сајтот на брендот Loudmouth - специјализиран за опрема за голф.

После пар кликови нашол панталони во црвени, бели и сини ромбови (баклави) и нарачката требала да им стигне од Мисисипи. На тие Игри во Ванкувер Норвежаните го освоија среброто но нивните панталони добија злато зошто сите на Олимписките Игри го пофалија изгледот.

Карлингистот од Њујорк Тони Д’Оразио направил фан страница на Фејсбук која што собрала дури 500.000 лајкови!

„Панталоните се покажаа доволно добри да направат бучава во светот на карлингот. Тоа што Улсруд и неговата екипа го направија во 2010-та, стана револуционерно и неверојатно го заживеа спортот кој стана атрактивен за младите. Знам луѓе кои се заинтересираа за карлинг поради овие панталони“, вели Тони Д’Оразио.

После Олимпијадата, сајтот на брендот Loudmouth едвај се справил со наплив од нарачки. Панталоните чинеле 110 долари и логично, продажбата им се зголемила за дури 40%. Компанијата дури и потпишала официјален партнерски договор со норвешките карлингисти.

„Во иднина нашите дизајнери ќе се потрудат да избегнат бели бои коишто не би се гледале на панталоните на мразот. На дечките им е важно опремата да биде во боите на норвешкото знаме коешто сакаат да изгледа силно и јарко“, вели основачот на Loudmouth Скот Вудворт.

Четири години по Олимписките Игри во Ванкувер, Норвешка на Олимпијадата во Сочи дојде со нова колекција необични панталони. Норвежаните останаа без медал во Пјонгчанг, но затоа нивната опрема одново кажа што имаше.

***

Идејата на Кристофер Све не ги воодушевила другите карлингисти, кои помислиле дека колекцијата од Loudmouth просто е шега: „Тие панталони се најсмешните кои сум ги видел. Не мислев дека ќе направат таков бум“, вели Торгер Нергор.

„Со тој вид опрема ние не сакавме некому да се докажуваме. Просто ни беше комфорно да ја претставуваме така земјата и сфативме дека е излез од традиционалното“, објаснил Све, карлингистот на Норвешка и идеен основач на оваа замисла.

Сега секој играч има по 80-90 пара необични панталони, но на големите турнири како Олимпијади, Европски и Светски првенства Норвежаните бираат од 6 до 10 пара но после внимателен избор и совет на Све.

Но искрено има луѓе на кои не им се допаѓа оваа униформа и им делува смешно.

„Жена ми просто не сака да ги види“, признал член на репрезентацијата Томас Улсруд.

Норвежаните договориле строго правило: никој не е должен да носи панталони одделно од соиграчите. „Панталоните ни носат предност. Кога играта не ни оди, ние гледаме еден во друг и мислиме: ’Ти потсеќаш на кловн’. Тоа е здраво и опушта мисли’, раскажува Све.

Кога панталоните се појавиле на Олимписките Игри, во Пјонгчанг сите се прашувале дали Норвежаните смеат да играат во таква опрема. Во правилникот има две важни точки кои звучат вака:

- Сите членови на тимот се должни да носат иста опрема и соодветни чевли кога ќе излезат на мразот - дали за тренинг или за натпревар.

- Опремата на тимот мора претходно да биде пријавена и регистрирана во карлинг федерацијата и во МОК; Панталоните мора да имаат една боја, симболика и грб.