Пандев го тресна Интер за нова голема победа

Капитенот на македонската репрезентација нема милост кон своите поранешни клубови. Откако пред две недели беше стрелец за големи 3 бода на Џенова против Лацио на Олимпико, вечерва стрелаше и против тимот со кој ја освои тројната круна.

Горан Пандев одлично се снајде во шеснаесетникот во 59 минута од мечот откако прими една топка од Диего Лаксалт, чија намера беше да бие во гол и со тоа го зголеми водството на Џенова против Интер и ги постави конечните 2:0.

Резултатот го отвори Ранокија со безвезен автогол на крајот од првото полувреме.

 

 

На кој инаку се изнасмеа и Пандев 

Тој за малку ќе го шокираше Хандановиќ од далеку

Беше испратен на клупа во 80-та минута со овации

За нашиот репрезентативец ова е трет гол сезонава во Серија А. Клик тука за да го видите погодокот против Лацио.

17 февруари 2018 - 22:28