На последниот натпревар од 23. коло во Серија А се случи големо изненадување. Фудбалерите на Џенова го шокираа Лацио среде Рим со конечни 1:2. Првиот гол на средбата го постигна Горан Пандев во 55-та минута. Македонскиот репрезентативец постигнува три гола против својот поранешен клуб откако го носи дресот на Џенова.