Offside

Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.

Доктор Лука Модриќ

Хрватска синоќа ја декласираше Грција во баражот за СП со 4:1, а ако треба да се избере број 1 играч на оваа селекција која тешко може да дише без него тоа е Модриќ. Плејмејкерот на Реал Мадрид играше маестрално како и секогаш и даваше топки со очи.

Северна Ирска е оштетена со срамен пенал во баражот за СП

Критичарите кои се противат на новите технологии во фудбалот обично велат дека судиските грешки се дел од спортот, но некои судиски грешки можат да бидат клучни во тоа дали некој ќе учествува на Мундијал. Швајцарија синоќа обезбеди 0:1 во Белфаст, а во тоа им помогна романскиот судија Овиду Хатеган. Овде немаше ни Р од играње со рака.

За ривалството меѓу Хрватска и Грција и фашистичките испади на нивните навивачи

Вечерашниот бараж натпревар за СП 2018, по кој една од двете земји ќе мора да се соочи со голем неуспех што нема да отпатува за Русија, една хрватска фудбалска легенда го нарече „Најлошата можна ждрепка“. Но не од спортски причини.

10 најпознати цитати од големиот Сер Алекс Фергусон

Меѓу другите многу смеење предизвикаа и оние: „Дајте ми десет дрва и Зинедин Зидан и ќе ја освојам Лигата на шампионите“ или „Хајнце е толку груб што би влегол во дуел и со баба му“.

Цел на татко му

На 9 години има 181.000 следбеници на Инстаграм и уште 45.000 на Јутјуб, а негово презиме е Клајверт. Надежниот син на Патрик Клајверт кој играше во Барса од 1998-ма до 2004-та, дебитираше со гол во подмладокот на Каталонскиот тим и веднаш го прослави со својот славен татко. Му посакуваме да личи на татко му и од голгетерски аспект.

Кои рекорди од фудбалот ги има во Гинисовата Книга

9 ноември е Светски ден на Гинисовите рекорди а во светот на фудбалот има необични достигнувања: од најплатен до најмалку платен играч, од највисок до најнизок од најбрз до најбавен...

Хрватскиот парламент нема да работи дур трае фудбалот

Во екот на расправата за измени и дополнувања на Закон за локална и подрачна самоуправа, претседателот на хрватското Собрание рекол дека седницата ќе трае до почетокот на мечот од баражот за Светско Хрватска - Грција.

Македонецот кој даде најмногу голови од слободен досега во Европа

Нема ден некој шпански спортски медиум да не напише збор-два за едно од најголемите откровенија во Ла Лига сезонава - младиот Енис Барди за кој бековите избегнуваат да прават фаул близу шеснаесетникот. Сега на ред дојде шпански Goal.es.

Го паметите ли Фреди Аду? Каде е сега?

Замислете на крајот од октомври Аду играше фудбалски меч, па дури постигна и гол во друштво на Христо Стоичков.

Промашување на столетието во женски фудбал

Во Барселона игра нашата Наташа Андонова, а во Гинтра Универзитатес од Литванија девојките кои не чуле за она „моја“, кога повеќе од една оди на топка. Ај што загубија 6:0, што е најголем пораз во женската ЛШ, ама резилов поради кој не постигнаа почесен погодок е многу голем.

Комити го запалија железарскиот рид над Чаир со 87 факели

Најверните навивачи на Вардар на големо се спремаат за јубилејот кој преку цела година го одбележуваат со двата популарни хаштаци: #30ГодиниКомитиЗапад и #70ГодиниФКВардар. Ќе имаат и засилување од Гелзенкирхен.

Зошто Фелаини го тужи New Balance?

Фудбалерот од средниот ред на Белгија и Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини го дал на суд производителот на спортска опрема New Balance кој до неодамна правеше копачки дизајнирани за него, но тој се повредувал и сега ги тужи.

Во Солун фешта направија братските Арис и Бока Јуниорс

На стадионот „Клеантис Викелидис“ во Солун синоќа беше продолжена традиционалната дружба меѓу навивачите на Арис и Бока Јуниорс чиишто тимови одиграа пријателска средба како секоја година за време на паузата поради репрезентативни обврски. И едните и другите важат за едни од најфанатичните групи на светот, па замислете како е кога ќе се здружат на исто место со иста цел.

Во дожд од голови Сава Осигурување ја совлада Аџибадем Систина

Во третиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на ЕВН и Сава Осигурување.

Едно од најдобрите изданија на потценетиот голман на Барса

Бранеше на Камп Ноу 12 сезони (2002-2014) и некој знаеше да каже дека Барселона е најслаба на голманската позиција. Тие што уште мислат дека не беше на ниво, нека се потсетат на финалето од ЛШ во 2006-та. Виктор Валдес - 21 трофеј со Барса од кои 3 во Лига на шампиони. Се пензионираше пред три месеци како играч на Мидлсброу нa 35 години.

Топ 10 гола во кариерата на маестро Пирло

Беше мајстор од 20, 25, 30, 35, 40 па и повеќе метри, а на последниот гол на видеово против Парма се чудеше и неговиот соиграч Роналдињо. Ги гаѓаше и вртени и сув лист. Едно е јасно. Не се бранеа. Ќе му фали ова играчиште на фудбалскиот свет.

Руските фудбалери кои се израдуваа на топла супа зготвена од навивачите

Второлигашот Луч Енергија од Владивосток до толку е утепан финансиски, што во кујната на тренинг центарот останале на сол. Да немаа верни навивачи, веројатно ќе мораа да тренираат и да играат со празен стомак. За далечината да нe правиме муабет.

Знаев да кажам Борусија Менхенгладбах, ама на учителката ѝ беше гајле

Твитер неодамна реши како пробен балон да пушти можност од употреба на 280 карактери во еден твит, нешто што до неодамна беше незамисливо. Оваа привилегија најпрво им е дадена на посебни корисници, а од неа најмногу се израдува германскиот бундеслигаш со најспецифично име.

Милан му кажа фала на Твитер на мангупски начин

Популарната социјална мрежа на која сите бараат да се воведе опцијата „edit“, пушти срце со дуплирање на 140-те карактери. Некои спортски колективи и твитер корисници веднаш се отворија со твитови и се пофалија што сè можат сега да се направат.

Кој е Нигериецот во кој Абрамович имал голема доверба?

Мајкл Еменало е човекот кој цели 10 години му бил еден од најверните соработници на Роман Абрамович но кој во понеделникот реши да замине од „Стемфорд Бриџ“ од лични причини. На повидок е конфликт меѓу Конте и десната рака на Русинот, највлијателната жена во фудбалот.

Која лига врза најдолга серија без натпревар со 0:0?

Гардијан објави сторија во која одговара на прашања на љубопитните читатели. Сигурно ни сме дека тука има работи за кои прв пат слушате, а ќе ве интересираат. Како на пример за една легенда на Арсенал и единствен Англичанец со гол и автогол на една иста средба за клуб и репрезентација

Затворски фудбал во Уганда

Во овој затвор основан пред неколку децении, фудбалот е религија. Еднакво добро го играат затвореници казнети над 20 и под 20 години зад решетки. Се делат на екипи а најпопуларни се оние кои навиваат за Манчестер јунајтед.

Лошиот пресинг на Арсенал

Санчез, Озил, Рамзи и компанија на дуелот против Манчестер Сити во неделата немаа пресинг, туку обид за пресинг. За ова скроз неорганизирано и неефикасно притискање на противникот на негова половина зборува Алан Ширер.

Голманот кој наеднаш се претвори во бек

Голман во Катар покажа целосно непочитување кон својата позиција на која игра со потег кој скапо го плати. Кај строг тренер за ова глупирање веднаш се добива статус на резерва. Остај го ти Ноер, него му се пресметани овие излети до стотинка.