![](/files/styles/780px/public/offside/2018/02/25/222839-prv-poraz-na-vardarki-vo-liga-na-shampioni.jpg?itok=85Yczp_9)
Ракометарките на Вардар исто како лани, не успеаа да слават на гостувањето против Мец, но тогаш загубија убедливо со 14 голови разлика, а сега беа поразени со резултат 24:22.
Натпреварот беше неизвесен во сите 60 минути и ниту една од двете екипи не успеа да направи поголема разлика од два гола.
ЖРК Вардар водеше во поголем дел од првото полувреме, а на пауза на семафорот стоеше 10:10. Во вториот дел водството се менуваше наизменично, но домаќинките на крајот славеа благодарение на извонредната Марина Рајчиќ која имаше 19 интервенции
Најпрецизни во таборот на ЖРК Вардар беше Андреа Лекиќ со 5 гола, додека Радичевиќ, Кузњецова, Лазовиќ, Пенезиќ и Лакрабер завршија со по 3 гола. Кај Мец, лидер беше Заади со осум гола, додека Ана Грос заврши со четири погодоци.
На 2 март европскиот вицепрвак го пречекува Битигхајм.