Каровски со евро гол ја донесе победата на Гранит

Екипите на Гранит, Матрикс и Лукоил славеа победи во првиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Каровскисо евро гол ја донесе победата на Гранит

Сава Осигурување 5-6(5-3) Гранит

Сава Осигурување: Данило Поповски 7’ 9’12’ 13’ Коста Глигуровски 8’

Гранит: Кристијан Крстевски 3’ Сашо Каровски – Џуме 10’ 29’ 31’ Дарко Стојановски 19’ 26’

Во првиот натпреварт од тринаесетото коло силите ги одмерија екипите на Сава Осигурување и Гранит. Двете екипи одиграа одлично прво полувреме исполнето со одлични акции и прекрасни погодоци. Прва до водство дојде екипата на Гранит во 3та минута, но само неколку минути подоцна екипата на Сава Осигурување преку расположениот Поповски успеа да направи целосен пресврт. До крајот на полувремето екипата на Гранит со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Сава Осигурување одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа да го задржи водството до крајот на полувремето 5-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра, уште на самиот старт се редеа шанси. Во ова второ полувреме екипата на Гранит влезе многу мотивирано и успеа да направи целосен пресврт. Во последните 5 минути од мечот екипата на Сава Осигурување направи промена во играта, внесе голман-играч и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но Гранит успеаа да го сочуваат својот гол и да слават со резултат од 5-6.

Матрикс преку контри до победа над Македонски Телеком

Матрикс 5-1(2-0) Македонски Телеком

Матрикс: Петре Даиловски 3’ Драган Брњарчевски 9’ Дарко Насевски 36’ 39’ Антонио Богдановски 40’

Македонски Телеком: Роберт Попоски 40’

Првата фаза одполувремето од натпреварот помеѓу Матрикс и Македонски Телеком и припадна на екипата на Матрикс, играчите наметнаа свој стил на игра и вршеа постојан притисок кон противничкиот гол, веќе во 9та минута имаа предност од 2-0. По ова почетно водство екипата на Телеком со голман играч во фаза на напад се обиувапе да створи играч вишок со цел да дојде до поволна позиција за изедначување на резултатот. Но до крајот на полувремето не успеа, па на паузата се замина со 2-0. Во второто полувреме видовме доста тврд натпревар без многу шанси за гол играта главно се одвиваше на средината на теренот, екипите се обидуваа со удари од далечина да го загрозат противничкиот гол. Во последните минути екипата на Телеком фрли се на една карта и тргна жестоко во нападот, но тоа успеа да го казни екипата на Матрикс која преку контра напади и дупки во одбраната на Телеком го зголеми резултатот на конечни 5-1.

Лукоил со цврста одбрана не дозволи изненадување во дуелот со Вип

Вип 2-4(2-3) Лукоил

Вип: Јовица Наумовски 9’ Дарко Димитриевски 19’

Лукоил: Дејан Зиков 2’ Владимир Секулоски 9’ Лоренцо Николовски 17’ 34’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Вип и Лукоил, уште на самиот старт на натрпеварот и двете екипи започнаа со офанзивен фудбал што вроди со полод за екипата на Лукоил за рано водство уште во 2та минута. По ова рано водство на Лукоил, екипата на Вип брзо се врати во натпреварот и во 9та минута успеа да го изедначи резултатот, но веќе во наредниот напад екипата на Лукоил преку Секуловски успеа да реализира за ново водство. До крајот на полувремето и двете екипи успеа да дадат по уште еден гол за 2-3 на полувремето. Во второто полувреме видовме доста цврста игра без многу панси за погодок, игра со многу дуели во рамките на ферплејот. Во 34та минута екипата на Лукоил успеа да искористи кикс во одбраната на Вип и да го зголеми водството на 2-4, по овој погодок екипата на Вип со сите сили тргна кон израмнување. До крајот на натпреварот екипата на Вип се обидуваше да дојде до поволна позиција реализација но Лукоил одлично ја постави својата одбрана и го доби овој натпревар со 2-4.

27 февруари 2018 - 09:20