Организаторите на Олимписките игри во Пјангчонг очигледно не ги изброија точно медалите и заборавија да му доделат на најважниот. Тоа е една будалетинка кој им го сврти вниманието на публиката изигрувајќи балетан со натпис на градите „Мир и љубов“.
Типот не е залутан лик, туку напротив најпознатиот падобранец во светот кој влетува на спортски натпревари. Се вика Марк Робертс, доаѓа од Англија и ова го прави 25 години.
За него се вели дека е влезен во Гинис по бројот на непоканети појавувања. До сега истрчал гол на 562 настани во 22 земји. Сето тоа го прави од една едноставна ствар. Возбуда.
„Има 65.000 луѓе на стадион и наеднаш се појавува некој лудак. Ја чувствувам енергијата кога ќе се симнам на терен. Тоа е нешто нереално. Инаку не можам тоа да го правам додека трае натпреварот бидејќи јас сум професионалец и не сакам да го прекинам“., објаснува Роберт.
Се има појавено на рагби, тениски, фудбалски натпревари, избори за мис на светот, разни светски првенства, а во сличен аутфит беше виден и на Олимписките игри 2008 во Пекинг.
Англичанецот влета на терен и на полувремето од финалето на Супер Боул во 2004-та, додека траеше точката на Џенет Џексон и Џастин Тимберлејк, настан кој го следеа 130 милиони луѓе во 87 земји во светот. За тој престап доби казна од 1.000 долари.
Во 2002-ра година беше ангажиран и за една реклама за спортска опрема во која само тој беше облечен, а сите други играа фудбалски натпревар голи. Рекламата следната година доби награда на фестивалот во Кан.
Во 2013-та година за него беше снимен и документарец насловен како „Човекот кој не може да ја чува облеката на себе“.
Роберт планираше да се пензионира од оваа дејност на Мундијалот во Германија 2006, но не го пуштија да влезе на стадион. Неговото повлекување не е познато, така што Токио 2020 нека биде спремен и за него.
World famous streaker in #PeyongChang2018 pic.twitter.com/QYp9jWbzGP
— Goodfella 🕵 (@Jimmycn1) February 23, 2018
Лига на шампиони финале 2002
Лига на шампиони финале 2003
Франција Опен 2003
Вимблдон финале 2002
НФЛ 2007
Супер Боул финале 2004
Му најдовме конкуренција :)