Џенаро Гатузо дефинитивно му го смени ликот на Милан кој со летните засилувања од 250 милиони евра во првиот дел од сезоната личеше на екипа без компас.
БРОЈКИ ЗА ПОЧИТ
Во период од два месеци Милан нема пораз на 12 меча на сите натпреварувања, а на последните 5 средби или 464 минути нема примено гол. Во 2018-та на 7 натпревари примиле само 3 гола.
Откако познатиот фајтер од средниот ред на Милан седна на клупата, за оваа екипа се вели дека е на чекор до пласман во Лига на шампиони.
Од 15-то коло на дебито со Беневенто до 26-то на кое синоќа ја совладаа Рома на гости, Милан има освоено 23 бода или повеќе од Лацио (20), Рома (16) и Интер (12) кои се пред нив и кои водат грчетива битка за топ 4.
ПРЕПОРОДЕНИ ИГРАЧИ
Од Бонучи до Биља, преку Чалханоглу до Боневентура, избраниците на Гатузо едноставно играат многу подобро сега отколку со Монтела.
Играчите за кои денеска се пишува во италијанскиот печат во суперлативни се Кутроне и Калабрија, авторите на големиот триумф против Рома кои блеснаа на Олимпико.
Кутроне по некои движења и заврши удари за гол го споредуваат со Пипо Инѕаги. Младиот перспективен напаѓач кој дојде од Примавера нема воопшто лоши бројки сезонава. 14 голови на сите натпреварувања. Кај Монтела безе резерва, а кај Гатузо првотимец, статус кој докажува дека го заслужува.
Во таа конкуренција влезе и Давиде Калабрија кој има “среќа“, што Андреа Конти е повреден.
„Победничкиот менталитет на Гатузо не промени целосно, тој не остава ништо на случајот и ни го пренесува тој негов пристап“, вели 21 годишниот бек кој првиот гол во Серија А го постигна со лоб и тоа на стадионот и во стилот на Тоти. Треба да частам вечера, изјави Калабрија.
НАЈМЛАД ТИМ ВО СЕРИЈА А
Во однос на иднината, ова е Милан кој се потпира на млади играчи за кој Гатузо често пати на прес конференциите вели дека дека неговата екипа е составена од играчи со просечни 24,8 години, најмала возраст во лигата.
Кутроне, Калабрија, Ромањоли, Донарума и останатите уште ќе зреат. Оваа сезона можеби ќе им помине без трофеи, но ветуваат иднина и во Милан и во репрезентацијата. Во просек по 6-7 играчи во прв тим се Италијанци.
ГОЛЕМА БОРБЕНОСТ
Кога тренер ти е Гатузо, невозможно е тимот да не го краси епитетот борбеност. Триото Кеси - Биља - Бонавентура трчаат многу километри и често крадат топки во средниот ред.
Милан е тим кој кога сака ја контролира играта, како што беше синоќа, а тоа меѓудругото се должи и на подигнувањето на формата на дефанзивното дуо Бонучи - Ромањоли, како и работата на Сусо и Чалханоглу кои покриваат позади.
БИТКА НА ТРИ ФРОНТА
Со 44 бодови, Милан е на делба на шестата и седмата позиција со Сампдорија и на 7 бода до четвртопласираниот Интер со кој се среќава следното коло. Во среда игра реванш полуфинале во Купот на Италија против Лацио, а во Лига Европа го мина првото елиминациско коло, а во осминафинале ќе се сретне со Арсенал.