Неодамнешниот Ол стар викенд не врати во времето кога НБА лигата беше на врвот според популарноста, а на февруарскиот ревијален меч се собираше кремот кој ако те разбудат во 3 по полноќ, ако следиш баскет сигурно ќе ги испукаш првите петорки како од пушка.
Се играше 49-от Ол стар меч во Оукленд арената на кој силите ги одмерија Фил Џексон кој во тој момент имаше скор од 37 победи и 11 порази со Лејкерси, а на клупата на Истокот седеше Џеф Ван Ганди кој со Њујорк имаше 29 победи и 18 порази.
Составите боли глава. Судејќи според првите петорки се судрија “висината“ против “брзината“.
Во Западната конференција првата петорка беше составена од: Џејсон Кид, Коби Брајант, Кевин Гарнет, Тим Данкан и Шекил О`Нил, а на клупа: Мајкл Финли, Гери Пејтон, Џон Стоктон, Карл Мелоун, Рашид Валас, Крис Вебер и Дејвид Робинсон.
За Источната изборот за првите петмина падна на: Ален Ајверсон, Еди Џонс, Винс Картер, Грент Хил и Алонзо Морнинг, додека како резерви настапија: Реј Ален, Алан Хјустон, Реџи Милер, Џери Стакхаус, Дејл Дејвис, Глен Робинсон и Дикембе Мутомбо.
Човекот со најголем број на гласови беше Винс Картер (1.911.873) кој инаку победи на натпреварот во забивање, а три години претходно Мајкл Џордан собра рекордни 2.451.136 гласови.
Мечот го доби Западот со 137:126, најдобар стрелец беше Ајверсо со 26 поедни, а за МВП беа именувани Шек и Данкан. Славниот центар на Лејкерски на Данкан му рече:
„Ти веќе имаш освоено титула (мислејќи на прстенот со Спарси во 1998/1999), така што трофејот оди кај мене“.
Уживајте со најавата на ѕвездите кои ја красеа НБА лигата во тоа време, како и со магичниот глас на Љубомир Николовски од кој немаше или нема појак коментатор за кошарка.
Ви издвојуваме топ 5 моменти од видеото:
12:38 Цепелин Ајверсон - Картер
13:55 Пируета на Картер
15:53 Акција празник за очи
16:46 Цепелин Кид - Гарнет
18:25 Забивање на Брајант