Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Ја уби или ја онесвести?

Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед го изврши најбруталното бркање на животно од терен. Целата ситуација настана на пријателски натпревар против Сан Хозе, кога италијанскиот бек шутна силно една топка и без да сака погоди погрешна мета. Еден од противничките играчи го соблече дресот, ја покри кутрата птица и ја отстрани од терен.

Кога победуваме сум Германец, кога губиме имигрант

Иако има само 29 години и со своето големо искуство и знаење, може сигурно да и помогне на Германија барем на уште едно Европско и Светско првенство, Месут Озил се повлекува од германската репрезентација. Разочаран е од односот на претседателот на Фудбалска федерација 

Блескав гол на Елмас за Фенербахче

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас викендов го постигна дебитантскиот гол за турскиот гигант на пријателски натпревар против Феенорд. 18 годишниот бисер кој лани направи трансфер од Работнички во Фенербахче не доби голема шанса минатата сезона во која беше регистриран од јануари. Новиот тренер Филип Коку веќе го пофали, па се надеваме дека почесто ќе го гледаме на терен. Има откупна клаузула од дури 23 милиони евра.

Колку пацерски автогол падна во Словенија

Словенечката прва лига викендов ја стартуваше новата сезона и уште во прво коло го доби автоголот на годината. Го постигна 18 годишниот Томаз Закрајсек од ФК Кршко на мечот против Домжале. Па зарем на тие години успеа до волку да го загуби компасот?

Најтажниот ден во животот на Мело

По 100 години постоење, италијанскиот фудбалски третолигаш Реџана не успеа да опстои финансиски и ќе мора да згасне. На еден од најстарите навивачи кој дише со клубот од дете, му ја снимија реакцијата која се рашири низ цела Италија.

Остриот говор на Погба на полувремето со Аргентина

„Сакам да видам војници на терен. Не сакам да си одам дома. Не сакаме дома, сите заедно. Војници. Ќе ги “утепаме“ овие Аргентинци. Меси или не, не ме боли. Има да го освоиме ова ебено Светско“, им рече мотивираниот Погба на своите колеги на полувремето од осминафиналниот меч против Аргентина. На полувреме беше 1:1, на крај 4:3.

Каква кошарка бе цреп, син му се родил

Тренерот на Жалгирис од Литванија, Шарунас Јасикевичиус добива прашање на прес, го замолчува новинарот и им држи лекција на сите кои мислат дека кошарката е најважната работа во светот.

Вчера го чуваше Мбапе, а денес ги рани свињите 

Домагој Вида е еден од 23-те херои на Хрватска кој се врати дома со сребрен медал. Ама тоа не значи дека сега треба црвен килим да му постават каде што ќе помине. Дечкото уствари го прави тоа што сака да го прави додека е на одмор.

Патот на Хрватска од квалификациите до финалето во Москва

Според квалитетот и класата на играчи, за оваа селекција на Хрватска е нелогично да се каже дека направила изненадување со среброто во Русија. Но нивниот пат до Мундијалот воопшто не беше едноставен. Кога во финишот од квалификациите загубија од Турција, па во претпоследно коло киксираа 1:1 со Финска на домашен терен примајќи гол во 90-та минута, од хрватскиот сојуз го набркаа Анте Чачиќ и за негов заменик го назначија анонимниот Златко Далиќ.

Тешкиот пат на Ѓоковиќ до победата на Вимблдон 2018

Новак Ѓоковиќ стигна до 13. Гренд Слем титула во кариерата, издвојувана по многу тежок период во животот. Признава дека на моменти се сомневал дали ќе успее да продолжи по шампионскиот пат. Се борел да ја надмине повредата на лактот, имал психолошки блокади, а истовремено сакал да се покаже како добар татко. Најдобриот српски тенисер се отвори на Инстаграм.

Тренерската филозофија на игра на Лампард

Поранешната ѕвезда на Челси летово ја почна својата тренерска кариера. Почна да го води англискиот второлигаш Дерби Каунти, а неговиот ефект се состои од акција во 18 додавања по ред меѓу 9 играчи и клинички прецизен финиш.

Неповторливото “ракување“ меѓу Илчо и Џани

Илчо Ѓорѓиоски вчера и официјално преку писмо го соопшти своето повлекување од ФФМ. Ќе продолжи да работи во УЕФА, таму каде веројатно успева да се поздрави од прва. Во ФИФА не му одеше тоа и откако пред две и пол години застана да му честита на новоизбраниот претседател Џани Инфантино, се појави видео од кое на човек му доаѓа да се чувствува глупо кога го гледа.

Фоторепортерот кој Манџукиќ го собори на земја ќе летува во Хрватска

Јури Кортез кој се прослави во полуфиналето на Мундијалот во Русија доби покана да ја посети земјата која се уште е во транс од остварувањето на нивниот најголем фудбалски успех во историјата.

Илчо Ѓорѓиоски со писмо си замина од ФФМ

По шест години работење, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија си поднесе оставка од претседателската фотеља на најмоќната спортска федерација кај нас. Следниот ангажман ќе му бил во УЕФА.

Чекај како ти успеа ова?

Ајозе Перез од Њукасл постигна гол на тренинг каков што ниту сте виделе ниту ќе видите. Чудо од потег. Не мрдна голманот.

Каде се и што прават Светските шампиони на Франција 1998

Подигнувањето на Златниот пехар на Французите беше и еден вид потсетување на Мундијалот пред 20 години, кога легендарната генерација предводена од велемајсторот ЗиЗу за прв го достигна тронот. И тогаш имаа страшен состав, а Дешамп држеше среден ред.

Форца Јуве на Роналдо пред бременоста на Бијонсе

Јувентус во Кристијано Роналдо нема да добие само петкратен освојувач на ЛШ и Златната топка, туку и магнет на социјалните мрежи со кој секој ден сè повеќе и повеќе расте и клубот како бренд.

Рефлексот на Субашиќ за време на славјето

Кога Данијел Субашиќ ти чува грб тогаш немаш гајле, на сигурно си. Прашајте го Вида, тој најдобро го знае тоа. Модриќ пак со една рака го пазеше, а со друга го снимаше за story.

Презентацијата на новото засилување на Реал некако не помина добро

Алваро Одризола е најновиот член на Реал Мадрид. Се работи за 22 годишен десен бек кој дојде од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Ваква контрола на топка не сте виделе во живот.

Говорот на Дешамп за време на финалето на Мундијалот

Водството од 2:1 на полувреме во финале на Светско не е никаква гаранција дека го имате пехарот в раце, особено не против една ваква Хрватска за која и самиот француски селектор е свесен колкава енергија вложија на терен. Хрватска играше фудбал, но Французите имаа повеќе к`смет, веруваа во себе и победија.

Еден „навивач“ на Ренџерс расистички навредувал деца во Скопје, друг се изгубил

По триумфот од 2-0 во Глазгов и ремито 0-0 на реваншот во Скопје, трофејниот клуб го елиминираше тимот на Шкупи, а двомечот остана во сенка на расистичките навреди на еден кретен кој се декларира како навивач на Глазгов Ренџерс.

Супер ѕвездата од НБА Марк Гасол спасил жена мигрант среде море

Најдобриот кошаркар на Мемфис Гризлис учествувал во спасувачките акции во Средоземното море и ја спасил Жозефина, Камерунката која што ја пронашле жива среде море.

Сторија за англискиот голман кој ги избави од проклетството пенали

Пред една година никој не знаел ништо за голманот Џордан Пикфорд кој се ашкал по позајмици во нисколигашите, потоа бранеше во испаднатиот Сандерленд а денес важи за најдобар англиски голман.