Форца Јуве на Роналдо пред бременоста на Бијонсе

Јувентус во Кристијано Роналдо нема да добие само петкратен освојувач на ЛШ и Златната топка, туку и магнет на социјалните мрежи со кој секој ден сè повеќе и повеќе расте и клубот како бренд.

Кристијано Роналдо на Инстаграм објави слика со новиот дрес, напиша Форца Јуве и го сруши интернетот, а можете да замислите што ќе биде кога ќе го постигне првиот гол.
 
Оваа негова најобична објава се искачи на седмата позиција на најлајкувани постови во историјата на Инстаграм со 11,1 милиони лајкови.
 
Пред него се само Бијонсе, Џастин Бибер и Кајли Џенер, но оваа бројка на лајкови ја собра само во првите два дена. Додека го пишуваме текстов постот на Роналдо има 11.383.000 лајкови, што значи тој ја мина веќе објавата на Бијонсе дека е бремена.
 
 
Одите на сликата на Роналдо на Инстаграм кликајте refresh (F5 на тастатура) и ќе забележите дека добива по 2-3 лајкови во секунда, а тоа значи дека се очекува тој да ја мине и третата позиција на Џастин Бибер.
 
Во конкуренцијата на 20 најлајкувани Инстаграм постови Роналдо држи шест места, Меси едно и сите останати луѓе се од шоу бизнисот.
 
Роналдо има 136 милиони следбеници на Инстаграм со што важи за еден од највлијателните спортисти на планетата. Со неговиот потпис Јувентус само на старт доби 1,4 милиони нови следбеници на Инстаграм, 1,1 милиони на Твитер и продаде над половина милион дресови за еден ден.
 
Според Форбс тој е третиот спортист во светот со најголема годишна заработувачка, а пред него се само Флојд Мејвејдер и Лионел Меси.
 
Се зборува дека во луксузниот ресорт Коста Наварио во Пелопонез, Грција, каде беше на одмор, оставил бакшиш од 20.000 евра. За него тоа е ситнеж бидејќи во Јуве годишно ќе заработува 30 милиони евра, 2,5 милиони месечно или 83.000 евра на ден.
 
Како изгледа местото каде инаку му дојде Ањели за да го официјализираат договорот
19 јули 2018 - 12:17