Откако веста за Реџана се рашири во градот, разочараниот Мело застана пред портите на седиштето на клубот и фрлен во очај го допираше знамето и со плачење повторуваше: Не се прави вака.
Ернесто Мелори познат како Мело е еден од најголеми навивачи на Реџана кој не успеа да ги задржи солзите, бидејќи за него згаснувањето на клубот е нешто неподносливо.
На Реџана и го посвети цел живот. Сигурно дека има полоши работи во животот, ама не, кај Мело не проаѓа тој муабет дека фудбалот е само игра.
За Мело, Реџана е сè во животот.