„Фрустрација, бес и немоќ. Неверојатно е како толку многу беспомошни луѓе се оставени сами на себе до смрт среде море. Длабока почит за луѓето кои може да ги опишам како мои соиграчи од екипата“, пишал Марк Гасол на неговите профили на социјалните мрежи, само неколку часа откако спасувачките екипи пронашле тројца изгубени мигранти кои 48 часа останале во вода сами среде море.
Frustration, anger, and helplessness. It’s unbelievable how so many vulnerable people are abandoned to their deaths at sea.
— Marc Gasol (@MarcGasol) July 17, 2018
Deep admiration for these I call my teammates at this time @openarms_fund pic.twitter.com/TR0KnRsrTE
Сликите од спасувањето на Камерунката Жозефина која што го преживеала потонувањето на бродот кој превезуал мигранти во потрага за подобар живот. Со неа биле уште една жена и мало дете.
Центарот на Мемфис Гризлис и шпанската репрезентација, кој неколку пати играше и на Ол-Стар натпреварите, одлучил летово наместо да го помине по луксузните плажи, да оди на бродот на Proactiva Open Arms: шпанска невладина хуманитарна организација која помага при спасување и транспорт на илјадници мигранти од афричкиот брег кои се упатуваат кон Европа.
Ова не е прв гест на алтруизам и хуманитарност на Марк Гасол кој заедно со попознатиот брат Пау Гасол со години ја финансира фондцијата „Гасол“ која што донира милиони евра за проекти кои не се поврзани само со кошарка, туку имаат за цел да им обезбедат посветла иднина на сиромашните деца ширум Шпанија и други земји во светот.
„Пред некоја година го запознав Оскар Кампос (основач и директор на невладината агенција Proactiva Open Arms). Ме заинтересираа неговите зборови и неговата порака: поради тоа го поканив да држи предавање во Џирона, во кампот на мојата екипа. Уште лани сакав да се качам на спасувачкиот брод, но морав да играм на Европско со репрезентацијата“, вели Марк Гасол кој ја воодушевил јавноста.
НБА ѕвездата раскажала и што се случило во морето:
„Пресретнавме разговор меѓу крајбрежните служби од Либија и трговскиот брод Триадес кој алармираше дека на мигранти од Либија им треба помош. Подоцна нè информираа дека патролата ги присилувала мигрантите да ги врати во Либија, нивниот чамец со кој тргнале преку море бил потопен при што останале најмалку три лица среде море. Поради тоа интервениравме најбрзо можно и го следевме протоколот за претрага. Утрово околу шест и триесет забележавме една спасувачка гума. Отидовме таму и еден од спасувчаите, Хавиер Флигуера прв влезе во водата која беше цела со бензин и керозивна сол. Во прв момент изгледаше како сите да се мртви, но кога им се приближивме видовме дека една жена е жива и се држи за парче дрво од половина метар, не повеќе. Со неа имаше уште една жена и дете, но тие беа мртви. Успеавме да ги качиме на бродот каде има и лекарска служба. Многу се потресов, останав без зборови. И кажавме дека ќе и помогнеме и таа само успеа да го каже своето име: Жозефина. Ги оставиле овие луѓе во нехумана состојба. Ако не интервениравме никогаш немаше да успее. Никој немаше да знае како завршиле“, ја раскажал својата потресна исповед Марк Гасол.
„Кажаа дека 150 лица се спасени, но реалноста е дека оставиле луѓе кои уште биле живи во морето. Знам во каква состојба биле тие луѓе. Ако стигневме порано, можеби ќе спасевме повеќе луѓе. Но ако стигневме 15 или 20 минути подоцна, Жозефина веројатно ќе беше мртва“, рекол Гасол во разговор со новинарите.
Марк Гасол додал и дека една од најжалните и најпотресните слики во историјата на човештвото, онаа со малото дете Ајлан Курди од Сирија кое лежеше мртво на турскиот брег во 2015-та година, го мотивирала да помогне и да биде најдобар можен пример за неговите две деца.