Блескав гол на Елмас за Фенербахче

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас викендов го постигна дебитантскиот гол за турскиот гигант на пријателски натпревар против Феенорд. 18 годишниот бисер кој лани направи трансфер од Работнички во Фенербахче не доби голема шанса минатата сезона во која беше регистриран од јануари. Новиот тренер Филип Коку веќе го пофали, па се надеваме дека почесто ќе го гледаме на терен. Има откупна клаузула од дури 23 милиони евра.

23 јули 2018 - 09:49