Бојковиќ со нокаут во Скопје го освои појасот на ФНЦ 34

Марко Бојковиќ со врвен нокаут во првата рунда го победи Лом-Али Ескиев и стана нов шампион на ФНЦ во лесна категорија. Српскиот ММА борец ја заврши борбата во полната „Т Арена“ во Скопје за само 48 секунди, со што ја забележа до 11. победа во професионалната кариера.

На големиот спектакл во „Т-Арена“ во Скопје пред неколку илјади гледачи, самата борба започна претпазливо од двете страни.

Ескијев прв зададе еден удар, по што Бојковиќ одговори со добар зафат.

Тоа како да беше најава за она што ќе следува, а тоа беше клучниот момент на борбата. Српскиот борец се обиде со поинаков гард и трпеливо го дочека својот ривал, по што зададе силен и прецизен удар со десната рака кој резултираше со тежок нокаут на Ескијев.

Овој потег скопската публика еуфорично го прослави.

Судијата мораше моментално да ја прекине борбата и да го прогласи Бојковиќ за нов владетел во лесната категорија на ФНЦ.

25 октомври 2026 - 08:52