Кога победуваме сум Германец, кога губиме имигрант

Иако има само 29 години и со своето големо искуство и знаење, може сигурно да и помогне на Германија барем на уште едно Европско и Светско првенство, Месут Озил се повлекува од германската репрезентација. Разочаран е од односот на претседателот на Фудбалска федерација 

Месут Озил се обрати на Твитер преку долго соопштение во кое го образложува своето откажување од германскиот дрес, а главен акцент дава на претседателот на германската фудбалска репрезентација, Рајнхард Гриндел кого го обвинува за расизам и непочитување.
 
Фудбалерот на Арсенал го почнува својот текст објаснувајќи дека е растен во Германија, но дека потекнува од Турција и дека има две срце, за двете земји, респектирајќи ги подеднакво.
 
Ја објаснува фотографијата со претседателот на Турција, Ердоган за што доби критики во германскиот печат.
 
Дел од соопштението на Озил:
„Она што најмногу ме изнервира во последните неколку месеци е односот на федерацијата, посебно претседателот Гриндел. По фотографијата со Ердоган, Јоаким Лев побара од мене да го скратам одморот, да се вратам во Берлин и да ја објаснам таа средба преку соопштение. Додека се обидов да му ја објаснам на Гриндел позадината и потеклото на таа фотка, тој сакаше повеќе да зборува за неговите политички гледишта и да го игнорира моето мислење. Потоа се согласивме дека е најдобро е да се концентрираме на фудбал, бидејќи се наближуваше Мундијалот. Затоа и ме немаше пред новинарите за време на подготовките.
 
Откако заврши Светското, тој ме обвини мене за слабите резултати во Русија. Во очите на Гриндел и неговите поддржувачки јас сум Германец кога победуваме, а имигрант кога губиме. Ова е затоа што плаќам данок во Германија, донирам во германските училишта, го освоив Мундијалот во 2014-та со Германија и се уште не сум прифатен во општеството. Третиран сум како `различен`. Во 2010-та ја добив `Bambi award`, како пример за успешна интеграција во германското општество, во 2014-та ја добив `Silver laurel Leaf` од Федералната Република на Германија и во 2015-та бев `Германски фудбалски амбасадор`. И јас не сум Германец? Има ли критериуми кои јас не ги исполнувам? Моите пријатели Лукас Подолски и Мирослав Клосе никогаш не ги спомнуваат како Германци - Пољаци, тогаш зошто сум јас Германец - Турчин? Тоа е поради Турција? Или затоа што сум Муслиман? Мислам дека тука лежи проблемот. Роден сум и образован во Германија, тогаш зошто луѓето не го приафаќаат тоа што сум Германец?
Мислењето на Гриндел може да се најде и на кај други. Германскиот политичар Берн Холзауер ме нарече `goat fucker` поради сликата со Ердоган и моето турско потекло. Шефот на германскиот театар, Вернер Стер ми рече “piss off to Anatolia“, место во Германија каде се стационирани многу имигранти. Навредливите критики поради потеклото на моето семејство е преминување преку линиите, а дискриминирањето е алатка за политичка пропаганда, а тоа треба да резултира со поднесување оставки на одредени луѓе. Тие ја искористија мојата слика со Ердоган како можност за да ги искажат своите расистички ставови, а тоа е опасно за општеството. Еден германски навивач после мечот со Шведска ми рече: `Ozil, fuck off you Turkish shit, piss of you turkish pig`. А да не зборувам за мејловите со погрдни зборови, телефонски повици и коментари на социјални мрежи кои ги добивме со моето семејство. Тие ја претставуваат Германија од минатото, Германија затворена за нови култури и Германија на која не сум горд. Убеден сум дека многу горди Германци кои претставуваат отвореност, ќе се сложат со мене.

Од тебе Рајнхард Гриндел, разочаран сум, но не сум изненаден. Во 2004-та, кога беше член на парламентот, рече дека мултикултурализмот во реалноста е мит и лага, додека ти гласаше против законот за двојно државјанство и казните за мито, а исто така рече дека исламската култура е премногу навлезена во многу германски градови. Ова не се простува и не се заборава.
Третманот кој го добив од Фудбалската федерација на Германија и од други луѓе, ме натера да не го носам повеќе дресот на германската репрезентација. Се чувствувам непосакуван и мислам дека се што сторив во мојата репрезентативна кариера од дебито во 2009-та ќе остане незаборавно. На луѓето со расистичко и дискриминирачно минато не треба да им се дозволи да работат во најголемата фудбалската федерација во светот, каде има многу играчи со двојно државјанство.

Нема да играм повеќе за Германија додека го имам ова чувство на расизам и непочитување врз мене. Го носев националниот дрес со гордост и возбуда, но сега не е така. Одлуката беше екстремно тешка, бидејќи отсекогаш давав сè за колегите, стручниот штаб и добрите луѓе во Германија. Но кога луѓето од високорангираната федерација ме третира на таков начин, ги омаловажува моите турски корени и ме фрла во политична пропаганда, тогаш што е многу, многу е. Јас не играм фудбал поради тоа и нема да седам така без ништо да сторам. Расизамот не треба никогаш да биде прифатен“.
23 јули 2018 - 11:43