Offside

Светскиот првак ќе ја брани титулата против Шпанија, откако заслужено, во голем стил и со пресврт ја доби Англија 2:1. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 55 минута и потоа на терен имаше само една селекција, Аргентина. Тимот на Тухел се повлече целосно, а Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез тоа го казнија во 85-та и 92-ра минута. Меси мајстор со две асистенции и трето мундијалско финале. Аргентинците доминираа во вториот дел со 73% посед на топка и 13:4 во удари.

Навивачите кои заслужуваат бакшиш

Кој вели дека во трета лига е тапа да одиш на стадион? Не зборуваме за Големо Коњари или Бабуна, туку за Сокол Саратов од Русија и нивните навивачи - цареви. Алал да им е. Не им треба ниту водка за загревање, имаат прекрасна мелодија.

Чудна контра во НБА плејофот

Иако неверојатниот Џејмс Харден ги издоминира со 44 поени и му донесе на Хјустон водство од 1-0 во плејофот, мечот против Минесота ќе остане во сенка на една чудна ситуација.

Ова ако влезеше, Рим ќе гореше

Римското дерби е натпреварот за кој градот живее цела година, а синоќешните 0:0 се доказ дека и двете екипи се плашеа од пораз. Имаат идентичен број на бодови и се во пеколна битка за место во топ 4. Последните секунди истекуваа, а Сергеј Милинковиќ Савиќ се обиде како на кошарка. Срце им застана на Лацијалите.

Како после да не го сакаш Питер Крауч?

Високиот центарфор е еден од ретките играчи на Островот кого го сакаат сите без разлика на навивачките определби.

Шампионскиот викенд на Манчестер Сити, ПСЖ и ПСВ

Додека Порто и Бенфика се бркаат со 2 бода предност, во Турција четири екипи очи ќе си извадат за титула, а во Шпанија и Италија работите се скоро јасни, во Премиер лига и Лига 1 веќе се славеше.

Ни Буфон не е цвеќе за мирисање

Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.

Чудесната одбрана на Донарума во 92-ра минута

Аркадиуш Милик ги имаше трите гостински бодови во раце на гостувањето на Сан Сиро, ама кога на голот на Милан стои 19 годишниот Донарума сè е подруго. Како ли му ја фати од толку блиску, па ова може да е крај за надежите на Наполи за титула, бидејќи Јуве им избега на +6.

Згрми „We are the champions“ во Јане Сандански

РК Вардар ја одбрани титулата во СЕХА лигата и ја продолжи доминацијата во регионалното натпреварување. Ова е трофеј број 4 во седум годишното постоење на регионалната ракометна лига. Да се надеваме дека ќе го чуеме ова песнишне повторно во Келн додека Столе го крева пехарот.

Мечка отвори натпревар во трета руска лига

На меч од 27. коло во руската трета лига меѓу Машук-КМВ и Ангушт една мечка му ја додаде топката на судијата пред стартот.

Фантастични кореографии на Лацио - Рома

Во директна борба за место кое води во квалификациите од Лига на шампиони следната сезона, а носени од одличните настапи во Европа оваа сезона, Лацио и Рома играа пред полн „Олимпико“. На почетокот на дербито двете навивачки трибини зад головите имаа одлични кореографии.

Нов гол на Ибра во САД

По двата гола на своето деби за Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ го постигна и првиот гол како стартер на гостувањето против Чикаго Фајер.

Нередите на белградското вечно дерби

Црвена звезда го победи Партизан со 2-1 со голови уште во првиот дел, а дербито вообичаено помина со низа инциденти. Навивачите на Партизан од разни причини се поделени на дури три фракции па една од нив беше сместена во тн. „кафез“ меѓу јужната и западната трибина каде во второто полувреме имаше нереди и краток прекин на мечот.

Сиријски навивачи со порака до Трамп

Навивачите на сиријскиот клуб Тишрин спремија два транспаренти посветени на првиот човек на САД кој реши да ја нападне Сирија. Едниот е: „Доста убивате луѓе во име на мирот“, а другиот ќе го разберете.

Фудбалерот кој на сред натпревар се претвори во гледач

По стотици и стотици занимливи зезалици на нашиот сајт, конечно нешто ново и најлудо на свет. Во романската втора лига играчот кој стана стрелец истовремено влезе во улога и на навивач кој го прослави голот на играчот. Епа како? Епа така.

Гол од корнер за три бода на гости

Ние ги имаме Артим Шаќири и Наташа Андонова, а Лудогорец го има Клаудио Кешеру кој на само 7 минути до крајот на гостувањето против Левски Софија упати страшна топка со левица директ во гол. Какво нафрлање, има да ја свиткам на втора.

Плачот на Вардарки низ објективот на ЕХФ

ЖРК Вардар го одигра последниот меч во овој топ состав пред своја публика и од четвртфинале се сели на Ф4 во Будимпешта по петти пат во низа. Ракометарките кои функционираа како семејство имаа емотивно збогум со навивачите во Јане Сандански кои уживаа во нивните настапи. Убаво беше додека траеше.

Вардарки фатија залет за европскиот трон, спремни за Будимпешта

На последниот меч во актуелниот состав од кој многу ракометарки ќе го напуштат клубот, Вардар убедливо го победи Мидтјиланд со 32-25 (17-12) и фатија залет за борбите за европски трон.

Тенисерот кој се дружел со Мандела, освоил Вимблдон и умрел од СИДА

Во време кога Афро-американците не смееле да одат на јавни места, им било забранувано да посетуваат кина, театри, ресторани, еден млад човек решил преку талентот за тенис да се избори со расната нетрпеливост.

Двајца малери на колото од кои Оливер нека бега подалеку

Додека на нашиот од Радишани, судијата Мајкл Оливер и егзекуторот Кристијано Роналдо му донесоа фина пара, двајца Италијанци не можеле на себе да дојдат во таа пеколна драма на Бернабеу. Неверојатни тикети.

Ристовски и Торес, некогаш и сега

Бекот на македонската репрезентација лани направи голем трансфер од Ријека во Спортинг, кој важи за еден од трите најславни португалски екипи со 47 трофеи. Тоа му ги отвори вратите да заигра и на европска сцена каде стигна до топ 8 и да ги чува славните напаѓачи од кои до “вчера“ трчал за автограм или фотка.

Кога навивачите на Рома бојкотирале млеко поради трансферот на Виери

Во Рим еднаш се овистинала народната „на комшијата да му цркне кравата“, толку својствена за Балканот. И тоа поради бојкот од загрижени навивачи.

Римската волчица против Ливерпул, Реал - Баерн!

Фудбалерите на Рома ќе имаат шанса да му се одмаздат на Ливерпул за поразот во финалето на „Олимпико“ во 1984, а Реал и Баерн ќе се судрат во епскиот класик.

Нова силуета инспирирана од мрежите: adidas Deerupt

Deerupt моделот има неверојатно лесна конструкција со еластично горниште, со внатрешност кој обезбедува целосна стабилност на стапалото и ја дава неопходната поддршка.

Арсенал и Атлетико Мадрид на мегдан во полуфинале

Ждрепката во Нион сакаше во полуфиналето од Лига Европа да гледаме финале пред финалето.