Кога малиот Кеита тренирал во кампот на Барса под надзор на Ето

Откако и официјално Кеита Балде потпиша со Интер, во мода се врати едно старо видео од 2005 година каде малиот Сенегалец тренирал во школата на Барселона каде главен играч беше Ето.

Иако Јувентус направи вистински земјотрес со трансферот на најдобриот светски фудбалер според ФИФА, милански Интер не беше ништо помалку активен и доведе одлични засилувања.

Последно во низа е Кеита Балде (роден 1995) за кого Интер плати 5 милиони евра позајмица со право на откуп на договорот во вредност од 34 милиони евра.

Балде потпишал едногодишна позајмица и ако задоволи, Интер би можел да му понуди 4-годишен договор со претходен трансфер од Монако. Балде пред неколку сезони беше еден од најдобрите фудбалери на Лацио а подоцна замина во Монако.

Интер како да му бил суден затоа што пред 13 години тренирал во школата на Каталонците под надзор на Самуел Ето кој подоцна на Интер му донесе Лига на шампиони и Серија А:

***

Кеита е роден во местото Арбусиес, кај Џирона во Каталонија од сенегалски родители кои емигрирале во Шпанија. Фудбалскиот талент набрзо му го снимиле скаутите на Барселона кои го довеле во младинската школа.

Иако играл и тренирал добро, бил недисциплиниран поради што Барса го казнила. Еднаш во 2010 година отпатувал со јуниорите на Барселона на турнир во Катар, а таму во хотелот му истурил мраз во креветот на еден соиграч.

За казна Барса го пратила 15-годишниот Сенегалец во филијалата УЕ Корнелија. Позајмицата значела и дека Корнелија стекнала право на играчот. После една сезона во која дал 47 гола за младинците, Кеита добил шанса да се врати назад во Барселона а го барале уште и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Во летото 2011-та за Кеита Лацио плати 300.000 евра и 10% од слендиот трансфер да оди на сметка на клубот Корнелија.

По четири сезони минати во Рим, Кеита лани отиде во Монако за огромни 30 милиони евра. Во Франција постигна 8 гола на 33 меча во сите натпреварувања.

Тој имал право да бира дали ќе игра за Шпанија или Сенегал затоа што е роден во Шпанија, но решил да ги брани боите на земјата на неговите родители, Сенегал со кој играше и на Светското 2018 во Русија.

14 август 2018 - 10:42