Таг: кеита балде

Голот број 1 на колото во Серија А е дело на Кеита

Се калеше во Ла Масија заедно со Давид Бабунски од каде направи трансфер во Лацио, каде играше четири сезони. Потоа настапуваше за Монако, а од таму беше позајмуван во Интер и Сампдорија. Ако сте го заборавиле, да знаете дека оваа сезона е член на Каљари, клуб кој и не е баш адекватен за неговите квалитети. Погледнете каква акробација изведе против Сасуоло. Маестрален потег.

Сте можеле и телефонски да се јавите во Интер за Кеита

Фудбалската репрезентација на Сенегал ќе биде ослабена во квалификациите за Купот на Африка 2019, откако остана без еден од најважните напаѓачи, кој не е ни повреден ни суспендиран. Причините се банални.

Кога малиот Кеита тренирал во кампот на Барса под надзор на Ето

Откако и официјално Кеита Балде потпиша со Интер, во мода се врати едно старо видео од 2005 година каде малиот Сенегалец тренирал во школата на Барселона каде главен играч беше Ето.

Икарди, Белоти и Кеита се бркаат кој може побрз хет-трик

Палермо, каде играат нашите Илија и Александар не само што е готов за испаѓање, туку е и тим врз кој сезонава двајца напаѓачи од Торино и Лацио се вежбаа кој е побрз и успеаа да срушат еден рекорд на Шевченко.

Уште непочната сезоната, во Лацио веќе се тепаат меѓусебе

Недоаѓањето на Марсело Биелса, 11-те продадени сезонски карти за еден ден и протестите на навивачите се само најава за проблемите кои се таложат во Лацио. Хармонијата е срушена и во тимот. Лулиќ со непотребен груб старт му посака “добре дојде“ на новото засилување Лукаку, а за прекршокот му се одмази Кеита. Потоа овие двајца се степаа, а камерата го смени кадарот.

Лацио и Лотито - Бесмисленоста на едно постоење

Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?

Специјален поздрав од Кеита до лацијалите во Македонија

Кеита Балде летово медиумите го пренесоа во Реал Мадрид, но покрај недоразбирања со клубот почна да тренира. Прво изјави дека ќе доцни на подготовките со образложение дека е разочаран од некои постапки на раководството, а со тоа се претпоставуваше дека и ќе си замине. Но 21 годишниот напаѓач на Лацио им се приклучи на колегите во Ауронцо, а поздрав од него до македонскиот фан клуб на Лацио обезбеди Горан Рецко Наумоски кој ни го испрати ова видео од Италија.

Делириумот на Олимпико по голот на Кеита

Лацио веќе седум години нема заиграно во Лигата на шампионите и плејоф двомечот со Баер Леверкузен го гледаат како златна шанса. Гермаците се покажаа како многу тврд орев за тимот на Пиоли кој преку џокерот Кеита во 77 минута го скршија мразот. Навивач на Курва норд го сними голот и атмосферата која се создаде на трибината каде седат ултрасите.