Во тоа време Хавиер Маскерано уште не одиграл ниту една минута за првиот тим на Ривер Плејт, неговиот прв клуб во кариерата. Играл само за младинците.
На 19 години кога веќе станал познат брзо добил повик за сениорската репрезентација на Аргентина. Во Ривер тогаш на негова позиција играл капитенот на екипата и незаменливиот Леонардо Астрада. Затоа на Маскерано не му било лесно да влезе во првиот тим.
За клубот од „Монументал“ дебитирал во август 2003-та во триумфот од 2-1 против Нуева Чикаго (влегол во игра во ’90-та минута наместо Фернандо Кроза со број 15 на дресот), неколку недели по дебито за Аргентина. На неговото деби за репрезентација, Диего Милито постигнал два гола, а неговиот брат Габриел Милито си дал автогол.
Стана и рекордер по бројот на настапи за јужно-американската селекција - 147. Се прости од националниот тим по Светското во Русија летово.
Зад него се легенди како Хавиер Занети со 143 настапи. Занети се прости од репрезентацијата на 16 јули 2001-ва. Лионел Меси е трет на листата со 128 натпревари а во последно време се почесто се зборува дека Лео ќе ја заврши репрезентативната кариера по силните разочарувања. Четврт на листата е некогашниот стопер Роберто Ајала со 114 настапи. Ајала последен пат играше за Аргентина на 15 јули 2007-ма.