Иако Севиља поведе, Барса до крајот направи пресврт а јунак на мечот беше голманот Марк Андре Тер Штеген кој прво направи пенал па после го одбрани за големо славје на Барселона во мароканскиот град Танжер.
Меси сега и официјално е најтитуларниот играч во историјата на каталонскиот клуб. Има:
- 9 титули во Ла Лига
- 6 пехари во шпанскиот Копа дел Реј
- 8 трофеи во Суперкупот на Шпанија
- 4 титули во Лига на шампиони
- 3 европски Суперкупа
- 3 Светски клупски првенства
Пред синоќешниот меч со Андалузијците, Меси имаше вкупно 32 освоени трофеи со Барселона, колку што има и Андрес Иниеста кој неодамна се пресели да игра во Јапонија.