Руи Патрисио ја одбра 11-та, а единицата ја остави на голманот кој победи леукемија

Агентот на Кристијано Роналдо и на стотици други фудбалери, Жорже Мендеш неодамна реши својата империја да ја продолжи и во Англија.

Стана финансиер на Вулверхемптон, клуб кој го направи права мала португалска колонија.

Меѓу многуте Португалци, „Волците“ кои се вратија во Премиер лигата, го ангажираа и голманот Руи Патрисио кој побегна од Спортинг Лисабон каде на крајот од минатата сезона хулигани влегоа во тренинг базата и ги тепаа фудбалерите.

***

За разлика од минатото кога стриктно се знаеше дека првиот голман носи број 1, а резервниот број 12, во последно време не е така.

Руи Патрисио се реши на грбот да му стои бројот 11 и тоа од мошне хумана причина.

Прв голман на Вулверхемптон долги години беше Карл Икема - голман кој во клубот помина повеќе од 15 години и запиша повеќе од 200 меча. Нигериецот последен пат го чувал голот на „волците“ во март 2017 година, а летото лани кога се вратил од одмор открил дека боледува од леукемија.

Сезоната 2017/2018 во која Вулверхемптон го освои Чемпионшип и се врати во Премиер лига, Икеме ја поминал во болница. По интензивната химиотерапија следувала целосна ремисија - Карл денес е здрав и жив, но не е спремен да игра фудбал. Во јули годинава тој објави дека ја завршува кариерата.

„Карл е наша главна инспирација од почетокот на минатата сезона. Не воодушеви сите со својот однос кон болеста и одлучноста. Тој е наш пријател. Доаѓа и разговара со дечките. Силен маж е. Во знак на почит кон Карл ние решивме сезонава да не го употребуваме бројот 1 на дресот“, изјавилл тренерот на Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто.

Руи Патрисио без никаков проблем ја поддржал одлукат ана клубот и земал друг број, а Буфон, Касилјас, Шмајхел и многу други го поддржале Икема во видео обраќање:

Во саботата Руи Патрисио за првпат бранеше во Премиер лигата на мечот меѓу Вулверхемптон и Евертон кој заврши 2-2.