Иницијатор на средбата меѓу освојувачот на тогашните Куп на европски шампиони и победникот на Куп на Куп победници станал холандскиот новинар Антон Виткамп.
Тој бил спортски новинар, репортер кој си го поставил прашањето - зошто да не се организира меч кој ќе го определи најдобриот колектив на Стариот континент?
Оваа идеја му паднала на памет во 1972 година, период кога на европските простори доминирал Ајакс Амстердам на Ринус Михелс, а холандската Ередивизија ја живеела златната епоха. Новинарот Виткамп сметал дека уште еден трофеј би допринел за поголема популаризација на Јохан Кројф и идејата на тотален фудбал.
После преговорите со чиновниците на УЕФА, првиот човек на оваа организација Артемио Франки ја поддржал иницијативата на Антон и се согласил да го разгледа проектот.
Во 1975 година Суперкупот имал правило да се играат два меча, по принципот дома-гости. Во 1998 година во форматот на Суперкупот биле направени кардинални измени - прво се одлучило да се игра само еден меч, а второ, стадионот „Луи II“ станал место каде ќе се одржува секоја година овој натпревар.
Така и беше сè до 2013-та, кога УЕФА го смени курсот и тргна кон глобализација, па реши првиот голем натпревар од сезоната во Европа да се игра на различни агли од континентот па така за пехарот од Суперкупот се играше во Прага, Кардиф, Тбилиси, Трондхајм, Скопје, а сега и во Талин, Естонија.
Рекордери по бројот на освоени трофеи во Суперкупот на Европа се Милан и Барселона. „Росонерите“ го славеа освојувањето на Суперкупот во 1989, 1990, 1994, 2003 и 2007.
На трето место по бројот на победи во Суперкупот е Реал Мадрид кој има три и во случај на победа вечерва против градскиот ривал Атлетико, ќе им се приближи на Барса и Милан.
Ливерпул и Ајакс имаат по три злата - „скаузерите“ славеа во 1977, 2001 и 2005-та, а Холанѓаните престижното признание го освоиле во 1972, 1973 и 1995.